Единствено „Караѓорѓе од Македонија“ не клекна пред Могерини

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов во текот на разговорите со Федерика Могерини демонстрираше дека е најсамостојниот и најсуверениот претседател на некоја држава на Балканот, пишува црногорски „Принцип“.Не само што не потклекна, поколеба или замисли, туку одлучно и повтори: дека не го дал и нема да го даде мандатот за состав на влада на никој кој при нејзиното формирање преговара за платформа направена во друга држава, а дотолку повеќе се работи за платформа која го загрозува суверенитетот и независноста на Македонија и нејзиниот унитарен карактер, стои во текст објавен од црногорски „Принцип“, под наслов „Караѓорѓе од Македонија“.
Во тексот се цитира и разговорот помеѓу Иванов и Могерини, особено делот во кој Претседателот на Македонија и потенцира на Могерини дека нема намера да го даде мандатот на некој кој има намера со постизборна платоформа да го руши Уставот на Македонија и Охридскиот договор, а земјата да се доведува во потчинета позиција и зависност од други држави.
Според „Принцип“, ниту еден друг претседател, во Софија, Белград, Сараево, Подгорица или Тирана не разговарал така самоуверено и независно со Могерини. Според црногорски Принцип, сите тие повеќе или помалку се „виткаат“ пред појавата на Бриселските бирократи.
Веројатно со таа уметност би се „занимавал“ и Иванов, ако не му удрија по државата и нејзиниот опстанок. За разлика од некои, тој демонстрираше дека сериозно се грижи за својата држава и за факто што токму тој е нејзин претседател – заклучува „Принцип“.Не само што не потклекна, поколеба или замисли, туку одлучно и повтори: дека не го дал и нема да го даде мандатот за состав на влада на никој кој п

Пронајдете не на следниве мрежи: