Едно лице е тешко повредено во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Дваесет и шест годишниот М.М. од Македонски Брод е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер пред патарината кај Кадински мост на автопатот Скопје-Велес.Како што информира Министерството за внатрешни работи, сообраќајката е пријавена синоќа околу 23:30 часот, а се случила откако автомобил „Фолксваген Поло“ со регистерски ознаки на Македонски Брод,  управуван од М.М., удрил во метални браници, а потоа излегл надвор од коловозот и удрил во метална ограда.
Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар Скопје каде е задржан за понатамошно лекување.
Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на сообраќајката и се работи на нејзино целосно расчистување.Како што информира Министерството за внатрешни работи, сообраќајката е пријавена синоќа околу 23:30 часот, а се случила откако автомобил „Фол

Пронајдете не на следниве мрежи: