Едно од најчестите верувања за слабеењето е целосно ПОГРЕШНО!

Ова е вистината поврзана со вежбањето и слабеењето.Ова е вистината поврзана со вежбањето и слабеењето.
Речиси сите справи за вежбање што се рекламираат се поврзани со убедувањата дека ќе ни помогнат да ги стопиме мастите на конкретно место.
За жал, вистината е дека не можете да одберете на кое место ќе ги согорите мастите. Иако се чини логично дека правењето стомачни вежби помага да се ослободите од салото во стомакот, вистината е дека нашите тела не функционираат така.
Кога мускулите снемуваат гликоза, чии залихи се создаваат од храната, во мозокот се испраќа сигнал и тој го започнува создавањето на употреблива енергија земајќи масни клетки од целото тело.
За да се докаже оваа теорија, во Универзитетот во Конетикат било направено истражување чии учесници морале да поминат низ програма за тренирање на мускулите на само една рака. Скенирањата пред и потоа покажале дека мастите се ослободени подеднакво во двете раце, а не во онаа што била вежбана. Исто така, докажале и дека многу од вежбите што целеле кон одреден мускул не согориле доволно масти за да се поттикне процесот на слабеење.
Иако вежбањето на мускулите е од клучно значење за одржување на мускулната маса и воопшто на силата, ако сакате да ослабнете, многу поголем ефект имаат кардио-вежбите, кои ќе ви помогнат да ослабнете и конечно да станат видливи сите мускули што во меѓувреме сте ги тренирале.Ова е вистината поврзана со вежбањето и слабеењето.
Речиси сите справи за вежбање што се рекламираат се поврзани со убедувањата дека ќе ни

Пронајдете не на следниве мрежи: