Едноставен трик како брзо да ги запрете солзите во непријатна ситуација

Често пати сме сме се нашле во непријатна ситуација во која едноставно не сме можеле да ги запреме солзите. Плачењето е нормална работа и нормален начин на изразување на емоции, без разлика дали станува збор за среќа или тага. Но голем број луѓе, најчесто мажите, се обидуваат да ја потиснат емоцијата длабоко во себе што е можно подолго, со цел да не заплачат пред други.
Ако сте едни од нив, следниот пат кога ќе се најдете во тешка или непријатна ситуација, во која не сакате да плачете следете ги овие совети. Ребека Наџ, експерт за медитација од Калифорнија, секојдневно се сретнува со двојки кои бараат совет од неа како да ги сопрат солзите во моментите кога даваат завет на свадбата. Ребека вели дека тоа е многу тежок процес, но дека постои трик кој може да го запре овој механизам.
Нареден пат кога ќе почуствувате дека ве делат моменти пред да потечат солзи по вашето лице, исчистете го грлото. Брзо по „внатрешното“ чистење на грлото, луѓето добиваат додатна плунка во устата што ја голтаат. Со ова јазикот се става на непцето, горе на устата, со што се спречуваат солзите и плачењето. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Често пати сме сме се нашле во непријатна ситуација во која едноставно не сме можеле да ги запреме солзите. Плачењето

Пронајдете не на следниве мрежи: