Едукативно патување во креативниот свет на Односите со јавноста

Loading...

Стратегиите и тактиките во односите со јавноста е темата на предавањето од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ , а организирано од Академијата за Менаџери во Скопје. Викенд предавањето, што ќе се одржи од 18 до 20 септември, според употребата на техниките и методите за предавање претставува интересно патување во возбудливиот свет на Односите со јавноста.Преку интерактивни предавања, работилници, мултимедијални сесии и групни дискусии учесниците на предавањето ќе имаат можност да го надградат своето знаење во полето на односите со јавноста. Анализа и обработка на конкретни примери од индустријата и студии на случај ќе дадат вовед во вистинска смисла на Односи со јавноста и практиката на професијата.
Односите со јавноста е современа наука во подем и опфаќа комплексна област на комуникации и затоа разбирањето на теоретската рамка и развивањето на практични вештини е круцијално како за професионалците така и за почетниците во ова поле. Тоа ќе придонесе за стекнување на вештини за критичка евалуација и апликација на основните теории за Односи со јавност, запознавање со процесот на планирање и развој на комуникациски план, разбирање и правилна употребата на алатките за Односи со јавност како и развивање на нови, адаптабилни алатки, согласно условите на дадена ситуација. Викенд модулот подеднакво ќе даде увид во трансформацијата на медиумите, развојот на новите медиуми и новите технологии во областа на комуникациите, а во истиот контекст и поврзаноста со заедницата, со внатрешните и надворешните односи со јавноста.
Предавањето ќе го одржи д-р Димитрис Николаидис, директор на одделот за Бизнис администрација и економија и професор на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Како гостин говорник на предавањето, експерт од индустријата ќе биде Татјана Лопарски, директор за односи со јавност и сопственик на Агенција за односи со јавност.
Предавањето, ќе се фокусира на професионалниот развој во областа, како и на основни прашања и принципи како што се корпоративната социјална одговорност, односите со медиумите, планирање на односите со вработените, потрошувачите и заедниците.
Крајниот рок за пријавување е 15 септември 2015 година. Повеќе информации за викенд модулот Односи со јавност може да се добијат на веб страницата на Академијата за Менаџери www.managersacademy.mk како и одговор на сите прашања преку електронска пошта на [email protected]Преку интерактивни предавања, работилници, мултимедијални сесии и групни дискусии учесниците на предавањето ќе имаат можност да го надградат с

loading...
Loading...