Ефекти кои куркумата ги има врз човечкиот организам

Куркумата потекнува од азиската кујна, каде поради својот карактеристичен вкус се користи како зачин во бројни јадења.Правот од куркума уште од дамнешни времиња се користи во традиционалната ајурведска медицина, а ова се само некои од ефектите на оваа неверојатно лековита билка. 
Моќен антиоксиданс
Куркумата изобилува со куркумин – моќен антиоксиданс кој ги неутрализира слободните радикали кои придонесуваат за стареење на организмот, но и болести како рак и срцеви проблеми.
Редовното консумирање на куркума го стимулира организмот и им помага на антиоксидативните ензими во нашето тело да се изборат против слободните радикали.
Одличен сојузник против воспаленија
Едно истражување кое било објавено во списанието “Oncogene” покажало дека токму куркуминот спаѓа во најефективните антивоспалителни супстанци.
Освен тоа, куркумата има подобар ефект и од повеќето познати лекови како аспирин и ибупрофен, а поради лековитите својства, таа се смета и како потенцијален лек за Алцхајмеровата болест.
Природен убиец на вирусите
Една студија која била објавена во списанието “Bioorganic and Medicinal Chemistry” покажала дека куркуминот ги забавува и ги спречува ензимите на хумано имунодефицитниот вирус т.е. ензимите на ХИВ-1 и ХИВ-2. Освен ХИВ, многубројните истражувања покажале дека куркумата е потенцијално ефективна и во борбата против херпес, хепатит Ц, грип, ебола и многу други вируси.
Одличен борец против бактериите
Денес постојат голем број на бактерии кои полека стануваат отпорни на традиционалните антибиотици. Од таа причина научниците почнаа да бараат нови начини за борба против таквите бактерии.
Поради своите антибактериски својства, токму куркумата е еден од предметите на тие истражувања бидејќи се смета дека хемиските споеви на овој зачин можат да го блокираат генот MDR-1 кој е одговорен за отпорност на бактериите на лекови.
Заштитник од невродегенеративни заболувања
Неодамнешните истражувања покажуваат дека куркумата би можела да биде многу ефективна во борба против Алцхајмеровата болест, но и други невродегенеративни болести, како Паркинсоновата болест.
Имено, поради своите антивоспалителни и антиоксидативни својства, куркумата покажува способност да спречи натрупување на амилоидите во мозокот. Амилоидите се протеини кои можат да предизвикаат воспаление во мозокот, што може да резултира со постепено опаѓање на когнитивните способности.
Освен тоа, куркумата го помага процесот на обнова на разните оштетувања во мозокот.Правот од куркума уште од дамнешни времиња се користи во традиционалната ајурведска медицина, а ова се само некои од ефектите на оваа неверојатно л

Пронајдете не на следниве мрежи: