сабота, 28 ноември 2026
Најново

Ефтов: Криминални полициски структури делеа пари по партиски штабови и џамии

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Гласовите на ДУИ одат кај СДСМ, а тоа се оние командантски структури  и оние вахабиситчки структури во кумановско и скопско кои претходно се врзувале за ДУИ, а тоа е со купување на ромски и турски гласови, објаснува во анализата при своето гостување на РСМ, новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов.Токму тоа ја дава онаа бројка и го зголемува резултатот, вели Ефтов.

-Има поставено одредени криминалци во полициските структури. Тоа јавно се кажуваше но ВМРО-ДПМНЕ ништо не направи бидејќи очекуваше сирен изборен резултат и сигурна победа и затоа само се нотираше но ништо не се делуваше по однос на тие прашања. Имате полициска кола на почетокот и на крајот на селото и одредени полициски структури делат пари или ги носат по штабовите на одредена политичка партија или ги носат во одредени џамии и така се делат тие пари и затоа тоа не можеше да биде документирано, објаснува Ефтов.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По однос на прашањето за средства од правична распределба на средствата од буџетот, кој доаѓа од албанските структури, Ефтов смета дека прво треба да се направи попис.

-Тие сметаат дека ако има 25% или 22% Албанци дека треба толку пари од буџетот да одат во средини каде што тие се мнозинство или каде што Албанците се на чело на локалната самоуправа. Тоа е таа нивна матрица и стратегија. Но тоа мора да биде бројчано и поткрепено. Треба да има попис каде што ќе се види кој колку брои во рамки на Република Македонија, заклучува Ефтов.Токму тоа ја дава онаа бројка и го зголемува резултатот, вели Ефтов.

Поврзани вести