Ефтов: Огромна е опасноста Македонците да ја поразат Македонија

Според бројни анализи, многумина во одржувањето на изборите на 11-ти декември гледаа излез од кризата која ја зафати државата.Но, државата се соочува со посериозен предизвик бидејќи политичката и уставна структура се менува под притисоци и направени се кривични дела за кои некој ќе мора да сноси одговорност.
Со помош на странски фактор, полека се спроведува сценарио за редефинирање на државата по секоја цена. Токму поради тоа, сѐ уште не стивнуваат емоциите откако по прегласувањето во Теарце се потврди победата на ВМРО-ДПМНЕ.
Допрва треба да се формира Влада, а влогот е висок. На оваа тема проговори новинарот и аналитичар Васко Ефтов:
„По 11 декември ние живееме во друга Македонија. Суштината не е дека некој сменил режим со пенкало (бидејќи тоа сценарио а-ла Милошевиќ не се реализираше), СУШТИНАТА е дека ја редефинираа Македонија без „испукан куршум“! Да бидам искрен – Самите или некои од нас беа извршители на тоа редефинирање.
Лани во декември (тоа беше последната емисија во 2015 година) ви кажав дека Македонија ќе стане многу комплицирана држава со два Рамковни Договори: Еден меѓу Македонците и Албанците, а вториот меѓу Македонците.
Сега ќе видите како тоа ќе функционира на штета на Македонија. Вчера Македонија се спаси од срамна капитулација, но за жал не и од тешко и драматично редефинирање. Македонија ја порази ЦИА но (ЗА ЖАЛ) сѐ уште е огромна опасноста Македонците да ја поразат Македонија!“
Но, државата се соочува со посериозен предизвик бидејќи политичката и уставна структура се менува под притисоци и направени се кривични дела за кои

Пронајдете не на следниве мрежи: