Египетската опозиција најави бојкот на изборите

 Главната опозициска коалиција во Египет, Националниот фронт спас (FNS), објави во вторник дека поради нетранспарентноста ќе ги бојкотираат парламентарните избори чиешто започнување е закажано за крајот на април и ќе трае во четири фази до јуни.Едногласната е одлука на раководството на Националниот фронт за спас, изјавил на прес-конференција, еден од челниците на коалицијата.Тој појаснил дека одлуката е донесена откако владата не ги прифатила нивните главни барања, меѓу кои беше и формирање нова влада на националниот спас и недостигот од гаранции за целосна транспарентност на изборниот процес.Коалицијата FNS којашто ги собира околу себе главно либералните и лево ориентираните политички партии, ќе го бојкотира и дијалогот на кој повика исламистичкиот египетски претседател Мохамед Морси.Парламентарните избори треба да започнат на 22-ри април и ќе траат следните два месеца.  Противниците на претседателот Морси ја проблематизираат транспарентноста и времето избрано за нивното спроведување. Според нивните оцени земјата е премногу поделена.
Макфакс Главната опозициска коалиција во Египет, Националниот фронт спас (FNS), објави во вторник дека поради нетранспар

Пронајдете не на следниве мрежи: