Египетски хороскоп: Датумот на раѓање го открива вашиот карактер!

Древните Египјани биле првите кои верувале дека поставеноста на ѕвездите влијае врз расположението, здравјето и судбината на луѓето. Според датумот на раѓање провери кој знак си во египетскиот хороскоп и прочитај си ги главните карактеристики.АМОН (од 1-ви јануари до 2-ри февруари)Старите Египјани верувале дека Амон е богот на пророците. Родените во овој знак брзо се заљубуваат и ја пронаоѓаат љубовта на нивниот живот. Тие се упорни, ама не се наметливи. На прв поглед можеби изгледаат студено, но тие се многу емотивни и нежни кон другите. Најмногу од сè ги боли неверство зашто се многу посветени на момчето/девојката. Тие се добри пријатели и љубовници. 
СЕБЕК (од 3-ти февруари до 4-ти март)Себек е богот на реката Нил, а токму таа била извор на животот за Египет. Припадниците на овој знак многу ја ценат уметноста и повеќето од нив се уметнички талентирани. Сепак, би требало да внимаваат бидејќи можат да бидат засенети од туѓата убавина, што често ги наведува на погрешен пат. Родените во овој знак не знаат да чуваат тајни, па поради тоа често прекинуваат пријателства.
ОЗИРИС (од 5-ти март до 9-ти април)Озирис во стариот Египет бил бог на плодноста и растот. Припадниците на овој знак се многу сензуални и романтични. Својата друга половина постојано ја изненадуваат со мали и слатки подароци. Полни се со разбирање за другите и им помагаат на своите пријатели ако се најдат во неволја.

 
ПТАХ (од 10-ти април до 2-ри мај)Птах бил бог на вистината. Припадниците на овој знак се искрени, отворени и по малку наивни. Тие се импулсивни, скромни и нетрпеливи. Поради својата искреност, често на другите им кажуваат што мислат без оглед на последиците. Исто се однесуваат и во љубовта, а токму таа особина на неконтролирано изразување може да ги чини неколку пријателства.
ХОРУС (од 3-ти мај до 16-ти јуни)Хорус бил бог на животот. Припадниците на овој знак често се склони кон авантури и склопуваат нови познанства. Непознатите земји и краеви многу ги привлекуваат, па за нив патувањата на егзотични места не се ништо необично. Сакаат да уживаат во природата и во благодетите на животот.
НЕФТИС (од 17-ти јуни до 21-ви јули)Нефтис била божица на љубовта, заради што се смета дека овој знак е најромантичен. Припадниците на овој знак се многу сензуални, страствени и емотивни и многу внимателно ги одбираат оние со кои влегуваат во врска. Од момчето/девојката очекуваат многу, ама и враќаат со иста мера. Трпеливи се и сакаат да ги сослушаат туѓите проблеми, но даваат и корисни совети, а тоа ги прави одлични пријатели.

 
СЕТ (од 22-ри јули до 18-ти август)Сет бил богот на молњата и олујата, па затоа припадниците на овој знак се многу темпераментни. Не се предаваат лесно и брзо се прилагодуваат на секоја ситуација. Тие се многу љубопитни и секогаш сакаат да испробаат нешто ново и интересно. Самостојни се и сакаат сè да направат сами.
АНУБИС (од 19-ти август до 21-ви септември)Анубис бил бог заштитник. Родените во овој знак се многу чесни и одговорни. Посебно се самоуверени и тврдоглави, па ретко слушаат туѓи совети. Многу се емотивни и романтични и имаат високи очекувања од љубовта, а истовремено се интелегентни, љубезни и дискретни.
РА (од 22-ри септември до 15-ти октомври)Ра бил бог на сонцето. Родените во овој знак се полни со внимание и љубов за другите. Тие се рационални и секогаш размислуваат по неколку пати пред да направат нешто. Припадниците на овој знак сакаат романтика и се многу верни, а мана им е несигурноста поради која често пропуштаат добри прилики.

 
ИЗИДА (од 16-ти октомври до 9-ти ноември)Изида е божица на чудата. Се смета дека родените под нејзина заштита имаат посебни моќи. Ги краси и неодолива насмевка која освојува сè околу себе. Меѓутоа, за нив не постои забрането овошје и нема да сопрат сè додека не го добијат тоа што го сакаат. Тие се многу добри пријатели бидејќи знаат да ги слушаат другите, ама и да поделат некој добар совет.
ТОТ (10-ти ноември до 3-ти декември)Тот во стариот Египет бил познат како богот на светлината, мудроста и магијата, па припадниците на овој знак се многу прецизни и точни зашто поседуваат големи организациски способности. Родените во овој знак се сестрани и ги интересираат сите гранки на науката. Во љубовта секогаш сакаат да имаат некој самоуверен покрај себе, некој на кого ќе можат секогаш да се потпрат.
ХАТОР (од 4-ти декември до 31-ви декември)Хатор била божица на музиката и уметноста, па родените во овој знак често се ценети музичари и уметници. Тие се шармантни, креативни, имаат голема фантазија и работат со многу љубов. Потребен им е партнер кој ќе ги разбере и почитува.
Извор: taa.com.mkАМОН (од 1-ви јануари до 2-ри февруари)Старите Египјани верувале дека Амон е богот на пророците. Род

Пронајдете не на следниве мрежи: