Ексклузивниот Nexus 5, ексклузивно во Vip

Оваа сезона, Ви го претставуваме новиот Google телефон – револуционерниот Nexus 5, достапен ексклузивно во Vip . Во партнерска соработка на LG и Android, новата едиција на сериите Nexus доаѓа со последните достигнувања на оперативниот систем 4.4 KitKat.Насмевнете се!
Благодарение на новата моќна HDR+опција, Вашите магични спомени отсега Ви се на дофат на дланката, и тоа со само еден клик. Покрај тоа, Photo Sphere и Auto Awesome Ви овозможуваат да ги креирате Вашите најзначајни мигови во живописна приказна на брз и едноставен начин. А бидејќи светот е поинаков во HD, особено важна за овој модел е и густината на пиксели! Со 8MP камера, освежете ја Вашата галерија со уникатни и висококвалитетни фотографии и видеа. 
Воодушевувачки дизајн
Со едноставен и префинет дизајн, фокусиран на прегледноста на екранот, новиот Nexus 5 е Ваша верна поддршка во текот на денот. Оваа минималистичка креација е доказ дека понекогаш, помалку навистина значи повеќе. Со 137.84мм висина и 69.17мм ширина, овој модел е најголемиот, но воедно и најтенкиот од серијата на Nexus. Сето тоа благодарение на неговата поставка, која го прави практичен и лесен, со 130г тежина.

Забава, каде било, кога било
Уживајте во повеќе од милион игри и апликации, како и пристап до неограничена музика со голем број радиостаници овозможени од Google Play. Слободно зголемете ги своите очекувања, бидејќи овој модел ќе Ве воодушеви и со својата зачудувачка брзина и моќ, како и со 5-инчниот екран. Испробајте ги перформансите на Nexus 5 каде и да сте. 

Првенецот на Android 4.4 KitKat
Новото надополнување на серијата Nexus го следи концептот на своите претходници – брз и моќен смарт-телефон, кој е едноставен за користење, практичен за работа и достапен за забава. Со гласовната команда „Ok, Google” може да испратите SMS, да дојдете до потребните насоки за одредена локација, да пронајдете фотографии, па дури и да преслушате песна, сето тоа без потреба да го допрете екранот. Исто така, може лесно да пуштате музика, да паузирате или, пак, да се вратите на омилениот дел од албумот. Додека уживате во слушањето музика или во гледањето проекција на Вашиот мобилен со опцијата Chromecast, може да следите и прекрасни визуелни проекции, дури и кога Вашиот екран е заклучен.
 
Проверете го новиот Google телефон – Nexus 5, само во салоните на Vip, и добијте го за 0 денари со тарифниот пакет Vip Free+ NoLimit+,со договор на 24 месеци.Насмевнете се!
Благодарение на новата моќна HDR+опција, Вашите магични спомени отсега Ви се на дофат на дланката, и тоа со

Пронајдете не на следниве мрежи: