ЕКСКЛУЗИВНО: Бил Клинтон добил МИЛИОНИ од најголемата фирма на светот посветена на предавање на Шеријатското право

Поранешниот американски претседател собрал 5.6 милиони долари хонорар од GEMS Education, компанија со седиште во Дубаи, чија цел е предавање на Шеријатското право преку мрежата од над 100 училишта во Блискоисточните држави, Азија и Африка, според истрага на Фондацијата на Daily Caller News.Финансиите на фирмата строго се придржуваат кон „Шеријатското финансирање“, што вклучува давање на „zakat“, верска такса од која осмина оди во финансирањето на исламскиот џихад.
Оваа фирма исто така и исплатила милиони долари на Фондацијата Клинтон.
Поранешниот претседател на САД беше почесен претседател на GEMS Education од 2011 до 2014 година, според данокот што го пријавил заедно со жена му, кандидатката за претседател на САД од демократската партија, Хилари Клинтон.
Најголемата плата што ја добил од оваа компанија со само неколку акционери, чиј дел е и тој, и која е инкорпорирана на Кајманските острови, била исплатена во 2014 година, кога во џеб ставил 2.1 милион долари. Не е сигурно дали Бил примил приходи од блискоисточната фирма во 2015 година, бидејќи Хилари се уште не го пријавила данокот за таа година.
Шеријатското право е Исламски правен систем, што на западот се смета за систем што ги нарушува правата на човекот и на другите религии, како и на жените и на геј популацијата. Шеријатското право муслиманите го сметаат за право што се наоѓа над секуларните авторитети. Исламистичките џихадисти редовно повикуваат на применување на Шеријатското право и сакаат да го наметнат на Западот.
GEMS во 2013 год. се самоименуваше како „единствената странска група на која и е одобрено да дава образовни услуги во Саудиска Арабија“. Во установите на ГЕМС во Џеда, Саудиска Арабија во 2013 година се едуцирани над 1600 студенти.
Саудиска Арабија, пак, е држава во која владее Вахабизмот, односно најстрогиот облик на Шеријатското право. Ова блискоисточно кралство забранува жените да возат автомобили, а од нив се бара да го носат најстрогиот модел на бурка, што покрива се освен очите и дланките. Геј мажите и жените, пак, се кривично гонети.
Во 2014 година, ГЕМС објавува оглас за работно место за директор на „Исламски и Културни Студии“ во своите универзитети во Саудиското кралство. Потребните вештини за работното место вклучуваат детално познавање на Шеријатското право. Оваа фирма исто така е образовен консултант и во Египет, Јордан и Либија.
Врската на Клинтонови со шеријатски ориентираното образование доби силни критики од експертите во борбата против тероризмот.
„Зошто Бил би учествувал во програми што го предаваат Шеријатското право во странски држави, каде тоа е конкретната цел на Муслиманското Братство, ИСИС и Ал Каеда?“, прашува антитерористичкиот аналитичар Стивен Кофлин во интервју со DCNF.
ГЕМС е една од најдоминантните образовни програми на Блискиот Исток, со 51 отворено училиште. Глобално, оваа компанија со својата програма подучува околу 250.000 студенти во 170 држави.
Освен Блискоисточните држави и Северна Африка, ГЕМС има удел и во училиштата во Кенија, Уганда, Јужноисточна Азија, и Велика Британија.
Гемс има и две „меѓународни“ училишта во Чикаго.
Вебсајтот на основното училиште на ГЕМС во Абу Даби го величи Исламот како централен принцип на својата наставна програма. „Нашата цел е да ги подучиме сите ученици за темелите на Исламот, вербата и моралот, и да им овозможиме ефикасно да ги применуваат во животот. Да го зголемиме знаењето за Исламот кај децата, учењата на пророците, и начините на живеењето на муслиманскиот живот, петте темели на Исламот“.

Оваа фирма донирала меѓу 1 и 5 милиони долари на фондацијата Клинтон, според вебсајтот на фондацијата. ГЕМС е официјален спонзор на Клинтоновата Глобална Иницијатива за 2013 и 2014 година. Главниот извршен директор, инаку Индиец, Суни Варки, бил таму и двете години.
А Фондацијата Варки, пак, именувана по овој човек, придонела од 250 000 до 500 000 на Клинтоновата фондација.
Варки јавно изјавува дека Бил е „почесен директор“ на неговата фондација. Но, од заеднички пријавениот данок на Бил и Хилари Клинтон се гледа дека годишните плати доаѓаат од компанијата ГЕМС.
Фирмата е финансирана преку долгорочни обврзници и отворено ја изјавува својата посветеност на Шеријатското финансирање. Во 2013 год., компанијата имала долгорочни обврзници од 200 милиони долари и ги убедуваше потенцијалните инвеститори дека се потпира на консултанти од „Фатва и Шариа“ за да докаже дека е усогласена со шеријатскиот начин на финансирање.
Кофлин и Шеријатскиот закон за финансии исто така вбројуваат и плаќање за „закат“, верски данок. „А ако го прочитате законот за овој данок, една осмина од парите оди за финансирање на џихадот“, вели тој. Постојат 8 категории на закат што секоја година мора да се платат, а една од нив е и џихадот.
Две од банките, Emirates NB и Noor Banк даваат заеми на ГЕМС во 2015 година во август, и исто така се обвинети за извршување на нелегални банкарски зделки со Иран.
На 9 јуни, 2009 година, Викиликс преку дипломатски извор објавува дека амбасадорот на САД за Обединетите Арапски Емирати, Ричард Олсон, остро го критикува еден од заемателите, Емиратската NB Bank. Олсон јавува во Стејт Департментот дека НБД банката на Емиратите дека претседателот на НБД „Ахмед ал Таер е отпуштен заради склучување бизнис зделки со Иран со мешавина на непријателство,грижа на совест и ветување потчинетост“.
Noor Bank, уште една банка која ја финансира ГЕМС, помогнала на Иран да ги процесира приходите со странски валути. Медиумите објавија дека во 2012 година Noor Bank е главен канал за враќање на приходите од нафтата со странски валути на Иран.
Сопственик на ГЕМС е милијардерот Варки и неговото семејство. 4 од 5 директори се членови на семејството на Варки.
Varkey Group, фирмата-родител на ГЕМС и нивните акции се во тесна врска со приватна компанија со приватна фирма од која бенефит имаат членовите на семејството Варки, чија нето вредност се проценува на 2.1 милијарди долари.
Сите активности на групата Варки се исплатуваат преку MaplesFS, најголемата фирма на Кајманските острови.
Како што ГЕМС се рекламираат, „Под законите на Кајманските острови фирмата не е подложена на даночење во Кајманските Острови“. Исто така им порачуваат на потенцијалните инвеститори дека „Кајманските Острови немаат данок на добивка, данок на наследство, на подароци и данок на наследен имот“.
Бил е чест посетител на Обединетите Арапски Емирати (ОАД) и неговите патувања често се поврзани со бизнис. Како што DCNF и претходно објавуаше, набрзо по напуштањето на Белата Куќа, Бил во џеб ставил 15 милиони долари како инвестициски договор со Dubai Investment Group, а бизнис партнер му е диктаторот на државата, Шеикот Мухамед бин Рашид ал Марктоум.
Бил исто така добил 500 000 долари за говорот што го одржал во Абу Даби во 2011 година. Го платило кралското семејство на ОАД. ОАД е монархија каде не се одржуваат избори и вообичаени се злоставувања на човечките права, а особено на работниците кои доаѓаат од странство.
DCNF се обидоа да стапат во контакт со Клинтоновата Фондација на Бил, Хилари и Челзи за врската со ГЕМС, но нема одговор од нив. Тие исто така ги побарале и ГЕМС во Дубаи, но и од таму нема одговор.Финансиите на фирмата строго се придржуваат кон „Шеријатското финансирање“, што вклучува давање на „zakat“, верска такса од

Пронајдете не на следниве мрежи: