Експертите советуваат: Еве како да „ПУКАТЕ“ од енергија на работа по празниците!

Остануваат уште неколку дена од старата 2016 година, а пред нас се празници и неработни денови. За да ви биде полесно враќањето на работа по празниците ви пренесуваме неколку совети…По празниците наместо да се радувате на одењето на работа и да „пукате“ од енергија по одморот, најчесто се чувствувате безволно и немотивирано за работа.
Не треба тоа да ве загрижува, станува збор за вообичаена појава по празниците, бидејќи немате на што да се радувате, ниту да разменувате подароци, ниту да уживате со најблиските.
Со цел одењето на работа по празниците да ви биде полесно, послушајте неколку совети од бизнис тренерите за зголемување на продуктивноста по празниците.
Немојте веднаш по влегувањето во канцеларија да започнете да работите. Зборувајте со колегите, не сметајте го тоа како губење на време, туку како начин да ја подобрите работната атмосфера.
Потоа, запишете листа со обврски и приоритети, не се потпирајте на помнењето. Прво започнете со најтешката задача и искористете го проверениот трик да се натерате себе си да работите. Кажете си дека ќе работите само десет минути бидејќи така полесно ќе почнете, а потоа нема да забележите колку време поминало.
Задолжително направете пауза без оглед колку работа имате, протегнете ги нозете, излезете на свеж воздух и почастете се со кафе или некоја посластица.
Не запаѓајте во замката на мултитаскингот со желба да завршите сѐ бидејќи ефектот ќе биде спротивен од очекуваното.
И откажете се од желбата од време на време да го проверите Фејсбук бидејќи тоа ќе ви одземе време, а тоа нема ни да го забележите.По празниците наместо да се радувате на одењето на работа и да „пукате“ од енергија по одморот, најчесто се чувствувате безво

Пронајдете не на следниве мрежи: