Експлозија на гасоводот во Украина!

Ова не е првпат да дојде до ваков вид напад, бидејќи во мај се случија две слични експлозии.Силна експлозија се случи денеска на гасоводот во Украина, преку кој рускиот гас доаѓа до европските клиенти, а украинското Министерство за енергетика наведува дека постои можност да се работи за „терористички напад“.
„Разгледуваме повеќе верзии за настаните, вклучувајќи ја главната – терористички чин. Саботажата на гасоводот е уште еден обид на Русија да ја дискредитира Украина како партнер во гасниот сектор“, соопшти вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков.
Гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород, попознат како Транс-сибирски гасовод, оштетен е во Полтавската област, соопшти локалната полиција, додавајќи дека никој не е повреден во инцидентот.
Очевидците велат дека пламенот по експлозијата се кренал и до 200 метри височина, јави Гласот на Русија.
Меѓутоа, експлозијата на гасоводот не ја прекина испораката на рускиот гас кон Европа, бидејќи гасот тече низ паралелен гасовод, изјави неименуван извор од рускиот гигант Гаспром.Силна експлозија се случи денеска на гасоводот во Украина, преку кој рускиот гас доаѓа до европските клиенти, а украинското Министерство за енергет

Пронајдете не на следниве мрежи: