„Ел Контитентал“: Гвардиола ангажирал детективи за да ги следи приватно фудбалерите на Барса

Пеп Гвардиола е опседнат со приватниот живот на фудбалерите на Барселона, и како што пренесува „Ел Контитентал“, ангажирал и детективи за да има преглед на сите настани, прва мета во неговиот список како што наведува изворот бил дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике.
Информациите од Каталонија покажуваат дека Гвардиола заедно со Манело Естијартео смислил пратење на играчите и ангажирал приватни детективи за да увиди дали неговите фудбалери живееле спортски.
Според информациите кои ги пренесува „Ел Континентал“, а кои ги потврдија извори од клубот, агенцијата „Методо 3“ на поранешниот тренер на Барселона му доставувала информации околу движењето на играчите, ноќните забави и околу тоа дали живеат спортски.
„Гвардиола е опседнат со тоа, тој смета дека секој играч треба да заборави на приватниот живот и да ги почитува строгите правила во текот на сезоната за да максимално го искористи нивниот потенцијал и да ги сочува од повреди“ изјави неименуван челник од Барселона.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Пеп Гвардиола е опседнат со приватниот живот на фудбалерите на Барселона, и како што пренесува „Ел Контитентал&l

Пронајдете не на следниве мрежи: