Елколект совет: Да се подготвиме да даруваме и примиме на подарок електричен или електронски апарат

• Подгответе го домот за нов електричен или електронски апарат
• Однесете ги дотрајаните стари уреди во Елколект магацините низ РМ
• За жителите од 5 општини е во тек наградната „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“Нова Година е период за дарување. Во барање на идеалниот подарок, на врвот на списокот се корисни електрични или електронски уреди, како и играчки за деца на батерии. Во списокот на желби до Дедо Мраз, предничат телевизор, компјутер, видео или аудио опрема, мобилен телефон и други апарати на струја или на батерии.
Ова е време на годината кога најмногу се купува нова технологија и мали куќни апарати. Елколект потсетува на потребата да го ослободите домот од старите и дотрајани електрични и електронски уреди за да се направи простор за нови.
Ослободувањето од опасниот отпад согласно законот треба да е на дозволени места со кои управуваат лиценцирани колективни постапувачи со електрична и електронска опрема, како што е Елколект. Токму во овој убав претпразничен период се одвива и наградната игра на Елколект во пет општини, преку која се наградуваат совесните граѓани кои во еко магацинот на Елколект ќе го остават својот електричен и електронски отпад.
„ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“ е името на наградната игра која од 28ми ноември до 26ти декември 2016та, Елколект ја организира во соработка со општините: Ѓорче Петров, Берово, Карпош, Богданци и Гевгелија.
За оваа цел Елколект обезбеди по три вредни награди за секоја општина, или вкупен награден фонд од 5 HP лаптопи,5 телевизори Hyundai led smart и 5 правосмукалки Горење.
Извлекувањето на наградените, во општините Ѓорче Петров и во Берово, ќе се реализира на 19ти декември, во општина Карпош на 24ти декември, а во општините Богданци и Гевгелија, на 26ти декември. Според правилата на наградната игра, потенцијален добитник на награда е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, во неговата општина, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко магацинот на Елколект.
Локации на еко магацините на Елколект во општините каде се одвива наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“
1. Во општина Ѓорче Петров – во дворот на Општина и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково
2. Во Берово – кај градскиот пазар
3. Во општина Карпош – кај ОУ Петар Поп Арсов и ОУ Војдан Чернодрински
4. Во Богданци – на Ул.Маршал Тито бр.52
5. Во Гевгелија – на ул.Моински Пат бр.67 и ул.Ѓорѓи Митров бб
Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, имаат можност да се ослободат од опасниот отпад и да станат потенцијални добитници на награди.
Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект www.elkolekt.mk.Нова Година е период за дарување. Во барање на идеалниот подарок, на врвот на списокот се корисни електрични или електронски уреди, како и играчки

Пронајдете не на следниве мрежи: