Емина Јаховиќ: „Не можам без синовите!“

Кога е покрај синовите пејачката заборава на сите проблеми.Додека нејзиниот сопруг Мустафа Сандал поминал некоколку дена во Лондон, пејачката Емина Јаховиќ – Сандал помина неколку дена во Белград со нејзините синови Јаман и Јавуз каде уживаа во претпразничната атмосфера.
Кога е покрај синовите пејачката заборава на сите проблеми.
Нивните ведри лица секогаш и даваат сила и енергија за неисцрпните забави кои со своите наследници може да ги организира каде и да се најде. Така неодамна беше и на белградскиот аеродром каде за кратко време направија одлична атмосфера. Со оглед на тоа дека работата честопати знае да ја раздели од своите деца, пејачката одлучи овој пат да ги поведе со себе.
– Ми беше полесно бидејќи дојдоа со мене во Србија, но имав многу обврски па за жал ги гледав само наутро и навечер. Не можам долго да издржам без нив. Ги поминавме сите игротеки низ Белград и многу им се допадна времето кое го поминаа овде. Освен дадилката за нив се грижи и мојата сестра Сабина и мајка ми Сенија – вели Емина за Story.rs.

– Јаман веќе научи да позира, а има и од кого тоа да го научи. Сега е во фаза кога е многу поврзан со Мустафа. Постојано играат игри, фудбал…Нормално е дека му недостигам кога не сум дома, особено пред спиење, но сепак повеќе е поврзан за татко му. Јавуз е уште мал и ми се чини дека тешко му паѓа кога ќе отпатувам некаде. По секое мое враќање во Истанбул не се одвојува од мене. Тука се дадилката, Мустафа и мојата мајка, за моето отсуство да не се осети до толку, – низ смеење кажува гордата мајка.
– Мустафа моментално е во Лондон каде замина работно. Сепак, сите веќе се подготвуваме за Нова година , но се шушка дека тој празник ќе го поминам на снимање во Белград. Меѓутоа се надевам дека текот на обврските се промени, и ќе можам Новата година да ја прославам во кругот на семејството. Додека нејзиниот сопруг Мустафа Сандал поминал некоколку дена во Лондон, пејачката Емина Јаховиќ – Сандал помина неколку дена во Белград со н

Пронајдете не на следниве мрежи: