Емотивен дел од книгата за Тоше: Денот кога Македонија го доби својот ангел

Сведоците велат дека тоа бил еден од многуте снежни Јануари во Крушево. Длабокиот снег и луѓето, кои полека се пробивале низ него, не ни можеле да претпостават дека токму тогаш и токму таму се подготвува да дојде на овој свет еден од најголемите уметници на овие простори…Книгата посветена на најголемата македонска ѕвезда на сите времиња, Тоше Проески им ги стопли срцата на фановите. Истата ќе биде објавена на 25-ти јануари, на родениот ден на нашиот непреболен ангел.
За прерано загинатиот пејач во „Ова не е крај“ се раскажани сегменти од неговиот живот низ сведоштвата на неговите најблиски.
Ова дело со голема вредност го создаде новинарката Соња Алексоска-Неделковска.
Ова е делот каде сестрата на Тоше го раскажува денот кога се роди овој ангел.

 

– Сведоците велат дека тоа бил еден од многуте снежни Јануари во Крушево. Длабокиот снег и луѓето, кои полека се пробивале низ него, не ни можеле да претпостават дека токму тогаш и токму таму се подготвува да дојде на овој свет еден од најголемите уметници на овие простори. Никола Проески го позајмил автомобилот од своите соседи и со својата сопруга Домника, полека од крушевските височини се симнувал кон градот-херој, Прилеп. Дечињата, кои во тие мигови негодувале што здодевниот автомобил ги прекинува во нивните возбудливи зимски игри, денес на своите деца им ги пуштаат песните од нивниот омилен сограѓанин. И додека низ главата на Домника поминувал моминскиот сон во кој таа морала да ја изеде горчливата каша, Никола вешто се борел со многуте серпентини , очекувајќи пред автомобилот конечно да се појават контурите од прилепската болница. А во нивниот скромен дом, шестгодишната Дора останала со двете баби. Миговите на исчекување да се роди бебето ги поминала чистејќи го секој дел од куќата.
„Постојано ја отварав и излегував на тераса за да проверам дали штркот го донесе брат ми. Бабите го следеа секој мој чекор. Само што ќе се завртев, тие ја затвораа вратата. „Добро дете, што правиш, ќе не смрзнеш. Зошто постојано ја отвараш вратата од терасата?“ Ги погледнав зачудено, а потоа со тивок глас им одговорив: „Се плашам штркот да не го остави бебето на терасата, и ако не го видам тоа, може да смрзне на големиот студ.“ Бев пресреќна кога брат ми го донесоа дома. Веднаш ме освои со своите црвени обравчиња, црната косичка и најубавите очиња на свет. Постојано бев до него и се обидував да и помогнам на мајка ми. Сите му се радувавме на новиот член во семејството. Тоше беше преубаво и мирно бебе. Тој беше мојот помал брат, кој го обожавав и го сакав со сета моја душа и срце.
( Дора Ристеска – сестрата на Тоше )
Извор: КурирКнигата посветена на најголемата македонска ѕвезда на сите времиња, Тоше Проески им ги стопли срцата на фановите. Истата ќе биде објавена на 25-ти

Пронајдете не на следниве мрежи: