ЕНЕРГИЈА, ОТМЕНОСТ, УРБАНА ВОЗБУДА, „Van Gogh“ ПРЕД 5 000 ПУБЛИКА ВО ХЕРАКЛЕА

Енергичност во звучењето, енергичност во изведбата, отменост со урбан вкус, е впечатокот за концертот на легендарните „ВАН ГОГ“, кој што во програмата на БИТ ФЕСТ се одржа во античкиот театар Хераклеа. И  „ВАН ГОГ“ и Битола и битолчани, со взаемна релација, средба пред шест години, а следното видување пријателско, непосредно, блиско. Одлични изведувачи и одлична публика во Хераклеа.
Вистинско доживување, кое ти дава можност да уживаш во смислата на младоста и љубовта. Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, одличен show man, виртуозно владеење со сцената, силна интеракција со публиката. Џуле, скокаше по сцената, ѝ мавташе и се ракуваше со публиката ѝ даваше да ги отпее стиховите на песните кои ги сака.
Секоја нивна песна е силен текст со порака, емоции, емпатија. „ВАН ГОГ“ живее со тие нумери, се чуствуваат едни со други. Ѓуле, Срба, Цвика и Бранислав приредија во Битола одлична свирка, демонстрирајќи го рецептот за успешен концерт и долгoгодишна кариера. 
И  „ВАН ГОГ“ и Битола и битолчани, со взаемна релација, средба пред шест години, а следното видување пријателско, непосредно, блис

Пронајдете не на следниве мрежи: