Energy Touch: Полнење на смартфоните со допир

Може ли да замислите полнење на батеријата на вашиот паметен телефон со едноставно повлекување со прстот по екранот. Тоа е и основата на концептот Energy Touch која воодушеви многумина…Кратката автономија на батеријата на уредите со екран на допир е еден од главните проблеми на овие гаџети. Во пракса, многу често колку е поголем екранот, толку батеријата има пократок рок на траење, а иако некои смартфони издржуваат цел ден со едно полнење, некои имаат потреба да бидат поврзани на струја и во текот на денот.
Затоа не изненадува што концептот на кинескиот дизајнер Чин-По Цаи привлече многу внимание. Неговата замисла е заштитната фолија за екранот да служи и како полнач за батеријата која ќе ја користи електричната енергија од човековото тело. При објаснувањето на својот концепт Energy Touch, тој кажал дека се работи за посебна фолија која слично како заштитните фолии ќе се лепи на екранот и преку microUSB ќе се поврзува со самиот уред.
„Транспарентниот слој ќе ја презема енергијата која се создава со движење на прстот по екранот и ќе ја претвора во електрична енергија. 
Повеќе на GSM.MKКратката автономија на батеријата на уредите со екран на допир е еден од главните проблеми на овие гаџети. Во пракса, многу често колку

Пронајдете не на следниве мрежи: