Ердоган: Имам контрола над државата, предавниците скапо ќе платат!

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ергодан соопшти дека има контрола над државата по обидот за државен удар.Владините сили во текот на ноќта се соочуваа со обид за државен удар, експлозии, бомби и отворен оган, а во насилствата загинаа десетици лица.
Над 1.500 војници ширум Турција се притворени, полковници и генерали се отпуштени, а еден воен шеф е спасен во операција во предградие на Анкара.
Ергодан ги предупреди поддржувачите на државниот удар дека ќе „платат висока цена за предавство на Турција“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.
-Оние кои го нарушија угледот на војската мора да ја напуштат. Тој процес започна денес и ќе продолжи се додека се бориме против терористичките организации, истакна Ергодан.
Турската државна агенција Анадолија дека главниот командант на Оружените сили на Турција, Хулуси Акар предводи операција против оние кои го планирале државниот удар.
Борбите продолжија и утрово со одекнување на експлозии ширум Анкара и Истанбул.Владините сили во текот на ноќта се соочуваа со обид за државен удар, експлозии, бомби и отворен оган, а во насилствата загинаа десетици лица.

Пронајдете не на следниве мрежи: