Еротски хороскоп за 2014!

Loading...

На следниот ЛИНК прочитајте го вашиот годишен хороскоп..Овен
Со вашиот знак владее Марс- митолошкиот бог на страст. Вие постојано сакате авантури. Во сексот сте неумерени, понекогаш агресивни, но во него уживате. Оваа година ќе се трудите партнерот повеќе да ужива во сексот. На пролет ќе имате неколку кратки авантури. Но, внимавајте може партнерот ќе дознае дека го изневерувате. Секако доколку дојде до тоа вие постојано ќе негирате. На есен ве очекува период преполн со страст.
Бик
Со вашиот знак владее Венера. По природа сте мирни и сталожено но во сексот сте темпирана бомба. Оваа година секс сигурно нема да ви недостига. Ако сте во стабилна врска ве очекуваат многу моменти на страст со партнерот. Сексуалниот апетит ќе ви се зголеми на пролет, па ќе се согласите дури и на секс за една ноќ. Ќе има многу нови контакти.
Близнаци
Имате емотивни проблеми затоа што сте неодлучни. Вашиот авантуристички дух ве прави одлични љубовници. За вас сексот е лесна тема. Но, веќе долго сте несреќни кога сексот е во прашање. Ова е година на промени. Имено, ќе запознаете личност на која нема да може да и одолеете. Совршено ќе се согласувате во се, а особено во сексот. Есеснта ќе биде особено интересна.

 
Рак
Вистински заводници и љубовници. Кога сакате некого давате се од себе. Во сексот сте малку неодлучни. Но, вие не се плашите од сексот, туку од неуспехот. Ако немате партнер оваа година ќе ве привлекуваат доминантни и енергични личности. Ако имате партнер обидете се заедно да ги оживеете еротските фантазии.
Лав
Свесни сте колку сте посебни и затоа сакате кралски третман. Немате предрасуди. Сакате секс, а квантитетот ви е важен како и квалитетот. Ако немате партнер оваа година ќе имате многу додворувачи. Ако имате партнер оваа година ќе ја запомните по одличните предигри. Постојано и постојано ќе го заведувате партнерот.
Девица
Иако симбол на вашиот знак е невиноста , со сексот сте поинакви. Често ја мешата љубовта со сексот и подготвени сте да прифатите секс за една ноќ. Не се плашите да пробате нешто ново. Ако немате партнер на пролет ќе запознаете личност на која нема да можете да и одолеете. Ако имате партнер обидете се оваа година да пробате нешто ново.

 
Вага
На вам љубовта ви е најважна, но и сексуалните излети не ви се непознати. На прв поглед изгледате тромаво во во кревет сте поинакви. Уживате во љубовниот чин. Немате никакви предрасуди во кревет и верувате во тоа што го сакате. Оваа година потребно е да разговарате за потребите на вашиот партнер.
Скорпија
Вие сте најеротичен знак. Многу сте сексапилни и ги привлекувате сите од спротивниот пол. Отворени сте и јасно кажувате што сакате. Не сакате да зборувате во текот на сексот. На почетокот на годината може да имате проблеми со партнерот. Тој нема да може да ве задоволи, а вие нема да имате разбирање за тоа. Наместо среќата да ја барате на друго место обидете се да разговарате со него.
Стрелец
Вие секогаш се заљубувате во луѓе со кој лесно може да комуницирате. Дури тогаш се впуштате во сексуални игри. Иако претходната година имавте проблеми на емотивен план, оваа година се ќе дојде на свое место. Бидете внимателни кога се впуштате во кратките романси.

 
Јарец
За вашата сексуалност постои голема заблуда. Причината за тоа е што вие сте многу внимателни и малку разговарате за тоа. Претходната година имавте премногу проблеми но во 2014 се ќе биде одлично. Ќе запознаете личност која ќе ве освои и од која што ќе станете зависни. Ако имате партнер кажете го тоа што го сакате.
Водолија
Вие сте најсреќни кога покрај вас имате личност која е подготвена да проба се со вас. Сакате тајни врски и се што има врска со тајно и забрането. И оваа година од партнерот ќе очекувате да биде секогаш расположен за секс. Нема да обрнувате внимание на романтиката и амбиентот, ќе барате само задоволство. Ако сте сами ќе запознаете личност која целосно ќе ви го помати умот.
Риби
Многу сте романтични и не го одвојувате сексот од љубовта. Внимателни сте и никогаш нема да направите нешто што не му одговара на вашиот партнер. Вашиот оргазам не е јак туку тивок и долготраен. Оваа година ќе сакате да доживеете нешто ново.  На есен ќе запонзаете една интересна личност. Овен
Со вашиот знак владее Марс- митолошкиот бог на страст. Вие постојано сакате авантури. Во сексот сте неумерени, понеко

loading...
Loading...