Ерупцијата на вулканот е поврзана со отварањето на шише пиво?

Комплексниот феномен на динамиката на пената и меурчињата во едно шише пиво сега му послужува на еден геолог кој треба да ни помогне во разбирањето на „ерупцијата  на јаглерод диоксид во езерата и вулканите“. Научниците го поврзале отварањето на пивското шише со ерупцијата на вулкан, која се случува поради динамиката на наливот на течности.
Дали сте биле „жртва“ на ерупција на едно пивско шише кое е удрено неколку пати пред да се отвори? Ако сте биле, тогаш не ви е непознат примерот со ерупцијата на еден вулкан.
Сепак, сеуште никој незнае зошто вулканите и нафтата еруптираат со таква жештина.

Наглиот удар на врвот од шишето создава притисок кој тргнува од врвот до дното. Кога се допира дното од шишето , притисокот се сели на содржината која во вид на таласи патува кај површините каде се враќа притисокот- кажува Др. Ксавијер Родригез од универзитетот во Мадрид.

Комплексниот феномен на динамиката на меурчиња во пивското шише, после тоа се емитува како експлозивна печурка која во себе создава уште поситни меурчиња кои  ја тераат нагоре пената уште побрзо него иницијалните меурчиња- додава тој.
Резултатите на неговото истражување се претставени на симпозиумот на физичари во САД и сега му служат на еден геолог кој треба да помогне во проучувањето на целата ерупција.
Др. Родригез работел во една емисија и ги изнел своите поплаки, зашто ваквата динамика на течност го лишува пивското шише од својата содржина, која во таквите околности е неизбежна.
Како единствено решение докторот предлага да се стави шишето во уста и да се испие пивската лава. Се останато се смета за залудно. :)Научниците го поврзале отварањето на пивското шише со ерупцијата на вулкан, која се случува поради динамиката на наливот на течности.
Дали

Пронајдете не на следниве мрежи: