Есма повеќе ја сака претходната „Империја“

Песната „Империја“, со која Есма и Влатко требаше да ја претставуваат Македонија на Евровизија е повлечена и заменета со песната „Пред да се раздени“. Сепак Есма изјави дека претходната „Империја“ повеќе и се допаѓала. 
„Малку сум разочарана од сето ова што се случува со  нашето евровизиско претставување. Досега во мојата 55 годишна кариера  не  сум доживеала некој да ми ја врати песната, како што беше случај со  „Империја“, која рака на срце мене повеќе ми се допаѓаше, но ете за се има првпат. Сепак и со интерпретацијата на „Пред да се раздени“ ќе можам на целата европска јавност да и покажам дел од моите вокални квалитети. Се надевам  на голема поддршка од моите многубројни обожаватели и почитувачи во цела Европа“, вели Есма за Нова Македонија.
Покрај тоа, таа изјави дека во нејзината 55-годишна кариера, ова и е прв пат некоја песна да и биде вратена. 
Текстот е на Магдалена Цветковска Ена, а музиката  ја напиша нејзиниот брат  Лазар Цветковски, заедно со Дарко Димитров,  во чие студио се снимаше нумерата. И овојпат автор  на делот што ќе го пее Есма е нејзиниот син Симеон Атанасов. Песната „Империја“, со која Есма и Влатко требаше да ја претставуваат Македонија на Евровизија е повлечена

Пронајдете не на следниве мрежи: