ЕУ ќе укине дел од санкциите кон Русија!

Амбасадорите на земјите-членки нa Европската унија, во рамки на групата КОРЕПЕР на Советот на Унијата, идниот вторник ќе заседаваат и се очекува да донесат одлука да побараат од Европската комисија и од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) да бидат укинати дел од рестриктивните мерки на ЕУ кон Русија.Портпаролката на европската дипломатска служба, Маја Коцијанчич, денеска потврди дека амбасадорите на земјите на ЕУ ќе ја донесат одлуката во однос на изјавата на претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј по носењето на последните санкции, дека во однос на почитувањето на прекинот на огнот и имплементацијата на мировниот план во однос на Источна Украина, дека е можно укинување на санкциите.
Во изјавата на Ван Ромпуј, во однос на усвојувањето на последниот пакет за рестриктивни мерки, меѓу другото се вели дека ЕУ-земјите до крајот на месецов ќе ја разгледаат имплементацијата на мировниот план и почитувањето на прекинот на огнот и ако ситуацијата на терен е добра, ЕЕАС и Комисијата ќе треба да подготват предлог за можни измени на рестриктивните мерки кон руски официјални лица и компании од оваа земја и од Источна Украина, истакна Коцијанчич.
Портпаролката на Кетрин Ештон додаде дека постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ во Брисел, идната недела ќе се сретнат на редовен состанок во рамки на КОРЕПЕР-групата и на агендата е оценка на имплентацијата на мировниот план и почитувањето на прекинот на огнот во Украина. Според Коцијанчич, најпрво ќе се направи сеопфатна проценка на прекинот на огнот и имплементацијата на мировниот план, па ако на теренот ситуацијата е добра, ЕЕАС и ЕК ќе дадат предлог за чекор назад во однос на санкциите.

– Прво е потребна оценка на сеопфатното разгледување на имплементацијата на мировниот план. Ако ситуацијата на терен е таква, ЕК и ЕЕАС ќе бидат поканети да дадат предлог. Нема ништо автоматски, мора да се следат процедурите. А, сите одлуки во однос на носењето и укинувањето на рестриктивните мерки се усвојуваат со едногласност на сите земји-членки – истакна гласноговорничката на Европската служба за надворешни работи.
Како што е познато, пред две недели, Европската унија усвои дополнителни санкции кон лица и компании, но и банки од Русија и од регионите Крим, Донбас и Доњецк, со забрана за нивно тргување во границите на Унијата и патување на посочените лица и замрзнување на нивните средства во ЕУ, меѓу кои и пратеникот во руската Дума, Владимир Жириновски, а поради војната во Источна Украина, приклучувањето на Крим кон Русија и подгревањето на настаните во украинската држава.
Одлуката на ЕУ во однос на укинување на дел од санкциите, што се очекува да се донесе идната недела, се очекува да ги затопли односите меѓу Унијата и Руската Федерација, кои се замрзнати од почетокот на годинава поради настаните во Украина. Истото се очекува позитивно да влијае и во однос на трилатералните преговори Русија-ЕУ-Украина во однос на доставата и употребата на рускиот гас, што се заканува(ше) зимава целосно да го запре протокот на важниот енергенс што исполнува најмалку 30 проценти од вкупната потреба за греење и домаќинство на Европската унија преку целата година.Портпаролката на европската дипломатска служба, Маја Коцијанчич, денеска потврди дека амбасадорите на земјите на ЕУ ќе ја донесат о

Пронајдете не на следниве мрежи: