ЕУ сака „чесен дел“ од данокот на големите компании

Министрите за финансии на Британија, Франција и Германија, во саботата покренаа нова иницијатива со која ќе се обидат големите компании да ги натераат да платат чесен данок, и да го искоренат обичајот водечките компании да плаќаат најмалку.
Министрите за финансии на Велика Британија, Франција и Германија, Џорџ Озборн, Пјер Московиси и Волганг Шојбле, изјавија дека е време за меѓународната координиран акција со којашто би се исклучила практиката на селењето на профитот од земјата во која е компанијата на друго место каде би се платил помал данок.
Оваа идеја којашто ја поткрепува Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за последиците од ткн преместување на профитот, изнесена во јавноста во моментот кога државите поради кризите се трудат на секој начин да ги пополнат своите национални буџети.
„Во основа, станува збор за правно прашање. Мораме да модифицираме закон. Избегнувањето на двојното оданочување стана начин на двојно избегнување на оданочувањето“, изјави генералниот секретар на ОЕЦД, Ангел Гуриа.
„Ниедна земја не може сама“, додаде Гуриа, на прес-конференцијата на маргините од состанокот на министрите за финансии на земјите и челниците на националните централни банки на групата Г20 во Москва и нагласи дека цел на иницијативата не е „напад“ на поединечните корпоративни гиганти.
Германскиот министер Шојбле рече дека „не е чесно мултинационалните компании да можат да ја искористат глобализацијата како средство“ за да не го платат својот дел од данокот, неговиот француски колега Московиси тоа прашање го опиша како „прашање на праведноста кон нашите граѓани“. Додека, пак, британскиот министер Озборн глобалните даночни прописи осмислени пред релси стотина години на принципите кои ги поставила Лигата на народите во деведесеттите години од XX век и оттогаш минимално се менувани.
„Тоа значи дека даночниот систем не го одразува начинот на работење на меѓународните компании. Ние сакаме компаниите да ги плаќаат даноците кои ние во државите ги одредуваме. А тоа ниедна земја не може сама да создаде меѓународен даночен систем“, додаде Озборн.
Министрите нагласија дека нивниот предлог го поддржува и руското претседателство на групата Г20.
МакфаксМинистрите за финансии на Британија, Франција и Германија, во саботата покренаа нова иницијатива со која ќе се обидат

Пронајдете не на следниве мрежи: