![Europe House Струга со мурал го одбележа Светскиот ден на биолошката разновидност Europe House Струга со мурал го одбележа Светскиот ден на биолошката разновидност](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/struga-4.jpg)
Europe House Струга го одбележува Светскиот ден на биолошката разновидност 22 мај, со голем мурал насликан на НУ Музеј “Д-р Никола Незлобински” во Струга.
![](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/struga2-1024x683.jpg)
„Од највисоките дрвја до најситните инсекти, биолошката разновидност е она што ја одржува нашата планета здрава. Ние, денот на биодиверзитетот го означуваме на наш начин. Нашите истакнати уметници Горан Ристовски и Енкел Дика го создаваат муралот “Симбиози” чија цел е да подигне свеста дека секој еден жив организам е важен за одржување на нашата планета. Особено на нашето поднебје има ретки и ендемични видови на организми кои се неопходни за одржувањето на Охридското езеро. Муралот се наоѓа на НУ Музеј “Д-р Никола Незлобински”, велат од Europe House Струга и провикуваат сите да придонесеме да ја заштитиме неверојатната разновидност.