Холивудската актерка Ева Мендез тајно го родила своето второ дете од актерот Рајан Гослинг.Според документите од болницата објавени на сајтот TMZ, малата Амада Ли Гослинг дојде на овој свет на 29 април 2016 година во здравствениот центар „Свети Јован“ во Санта Моника, Калифорнија.
Во графата за родители, означени се Ева де ла Каридад Мендез и Рајан Томас Гослинг.
Гласините за бременоста на Ева се појавија во февруари, кога актерката беше забележана како се обидува да го сокрие стомакот додека новинарите се обиделе да ја фотографираат Лос Анџелес. Но, сепак ниту еден од родителите не ги коментира гласините.
Амада Ли е втората ќерка на парот. Таа е именувана по бабата на Ева, чие име исто така е Амада. Првата ќерка Есмералда, постара е од Амада веќе 20 месеци.
ПР тимот на родителите сѐ уште не го потврдија ова тврдење.Според документите од болницата објавени на сајтот TMZ, малата Амада Ли Гослинг дојде на овој свет на 29 април 2016 година во здравствениот центар



