Еве како изгледа вонбрачната ќерка на Кеба: „Често се среќаваме, но тој не сака ниту да ја погледне сопствената ќерка!“

Поранешната девојка на пејачот Драган Којиќ Кеба, со која ја има вонбрачната ќерка Ина, Љиљана Јевремовиќ, вели дека тој го исплатил долгот за алиментација, но под притисок од кривична пријава. Таа истакнува дека со неговата наследничка живее во близина и дека затоа често налетуваат на пејачот. За жал, тие средби нималку не наликуваат на семејните.„Живееме на два километри оддалеченост преку воздушна линија од него. Често нѐ сретнува кога шетаме, поминува покрај нас со автомобилот, но не се ни труди да ја погледне Ина. Тоа ме боли“.
„Гледам дека во неа се таложи горчина и дека е свесна дека тој никогаш нема да ѝ пријде и да се поздрави, но таа не ми дозволува да кажам погрден збор за него. Знам дека таа очајно сакаше тој понекогаш да ја однесе до училницата кога беше помала, само за нејзините пријатели да видат дека таа има татко“, вели Љиљана, која на 18 февруари го прослави 16-тиот роденден на нејзината ќерка и се надевала дека Кеба ќе се јави да ѝ честита.

„Тој никогаш не ѝ го честиташе роденденот, а барав како подарок да ѝ упати извинување за сите години кои таа ги помина без него. Најмногу ме боли кога ќе го видам како се фотографира покрај роденденските торти на децата од нашите пријатели, а не знае да се сети на сопственото дете“, признава Љиљана Јевремовиќ, на која пејачот ѝ го исплатил долгот за алиментацијата.
„Тој не плаќа затоа што сака, туку затоа што сум правно поткована. Секој пат кога доцни со уплатата, јас поднесувам кривична пријава за неиздржување на детето и тој не може да замине од земјата за да оди некаде да настапува“, вели таа.„Живееме на два километри оддалеченост преку воздушна линија од него. Често нѐ сретнува кога шетаме, поминува покрај нас со автомобилот, но н

Пронајдете не на следниве мрежи: