Еве како изгледало Мермерното езеро без вода!

Прилепското мермерно езеро сместено над селото Беловодица деновиве е вистинска атракција и супер разладување за прилепчани.Езерото предизвика огромно внимание кај медиумите, кои секојдневно известуваат за стотината посетители што се искачуваат до ова место, пишуваат порталите.На својот фејсбук профил Васко Дамески вели: “Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи Крале Марко со боздоганот, туку е производ на осмислен процес на експлоатација по сите стандарди. Теренот е еколошки чист а квалитетот на водата е (испитан во 2011 год.) хемиски и биолошки исправна. Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти и внимателно пливање во ова прекрасно место”.

Сепак, имајте ги на ум и предупредувањата за безбедноста на површината.
На својот фејсбук профил Васко Дамески вели: “Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи

Пронајдете не на следниве мрежи: