Еве како може да го искористете сокот од кисели краставици

Тегла со кисели краставици е сигурно една од работите кои ги поседувате во вашиот фрижидер. Исто така, сигурно многу често ви се случува да го истурите сокот од теглата откако ќе ги изедете киселите краставички. Или сепак не?Ви претставуваме неколку трикови за како да го искористете сокот од киселите краставички. 
Против изгореници од сонце
Земете памуче и натопете го во сокот од краставици и нежно намачкајте ја кожата каде сте изгореле од сонцето. Всушност, осетот ќе помогне да го ублажи пецкањето на изгореницата.
Подгответе коктел
Изненадете ги вашите пријатели со освежителен коктел. Во шејкерот ставете неколку коцки мрац, малку вотка и сок од кисели краставици. Добро истресете и потоа наполнете една чаша за мартини. Декорирајте со едно парче свежа краставица во пијалокот и спремно е за дегустација!
Против грчеви и болки во мускулите
Многу тренери препорачуваат после тренинг да се пие сок од кисели краставици како би му се помогнало на телото да се опорави. Сосема е доволно да се напиете 200 милилитри од овој сок, но не смеете да заборавете и на внесување голема количина на вода.
За готвење
Сокот од краставици можете да го искористете и за правење салата како замена за оцет. Сокот исто така може да се измеша и со јогурт со што ќе добиете кремаст прелив за зелена салата, салата со јајца, риба и компир. Некои го користат сокот и за маринирање на месо за да биде посочно.
 Ви претставуваме неколку трикови за како да го искористете сокот од киселите краставички. 
Против изг

Пронајдете не на следниве мрежи: