Еве кој е главниот виновник за дебелеењето!

Loading...

Сандра Ејмот од универзитетот Јејл тврди дека главниот виновник за дебелеењето е всушност нашиот мозок. Ако постојано се враќате на истиот број килограми, тоа најверојатно е тежината на која вашиот мозок сака да ве задржи.Имено, мозокот сака да не задржи на тежината која е одредена од гените и животното искуство.
„Најдобриот начин да откриете која тежина која вашиот мозок ја сака е да ја слушате интуицијата. Едноставно е: Јадете само кога сте гладни и престанете да јадете кога сте сити. Така за 12 месеци ќе се стабилизирате на посакуваната тежина“, вели Ејмот.
Прехрамбената индустрија денес константно се обидува да манипулира со нас и да ни претстави различни производи како најпотребни во животот.
„Сметам дека диетите, кои не учат да ги игнорираме сигналите за глад што телото ни ги дава, само придонесуваат во прејадувањето и ги влошуваат работите. Често не наведуваат да ја отфрлиме потребната храна и го наметнуваат вежбањето како храна, а тоа е се освен рецепт за здрав живот.“
Нејзиното истражување покажало дека диетите се помалку ја намалуваат способноста на човекот да препознае кога на организмот му е потребна храна, што доведува до т.н. „емотивно прејадување“.
Сандра Ејмот и самата учествувала во истражувањето, со оглед на тоа дека и таа со години залудно држела диети.
„Забележав дека деновите кога многу јадам се проследени со денови кога јадам многу малку, бидејќи толку глад чувствувам. Како што деновите се менуваа, мојот мозок стана се подобар во следењето на калориите, за разлика од периодот кога бев на диета“.
Вежбањето и активностите исто така помагаат во постигнувањето баланс во тежината, а интуитивното јадење може да ви помогне да се ослободите од лошите навики во исхраната.
„Немојте да ги избегнувате благата и брзата храна. Јадете ги, но во нормални количини и не претерувајте“, вели Ејмот и додава:
„Слушајте што ви вели телото. Јадете само кога сте гладни и немојте ништо да правите со сила. Бидете трпеливи бидејќи е потребно време, мене на пример ми требаше година дена за да се стабилизирам на тежината која мозокот ни ја одредува“.Имено, мозокот сака да не задржи на тежината која е одредена од гените и животното искуство.
„Најдобриот начин да откриете која тежин

loading...