Еве кој е најевтиниот европски град за туристите!

Осло е најскапиот, а Белград најефтиниот град за туристи, покажа една анкета на германскиот авто-мото сојуз „ADAC“, спроведена во 20 европски градови.  Српскиот главни град е најевтиниот град меѓу истражуваните метрополи, според споредување на тоа колку чини дневната карта во градскиот превоз или влезот во зоолошка градина, цената на пивото, капучиното или една порција помфрит.
Освен тоа, направена е споредба на цената на таблетите за главоболка, пастата за заби, фласерите за рани и др.
Така на пример, влезот во зоолошката градина во Лондон чини 29 евра, влезницата во еден швајцарски музеј во Луцерн е 25 евра, додека во Осло, посетата на главната туристичка атрактиција, тврдината Акершус, е бесплатна.
Во поглед на најскапите градови после Осло, следуваат Париз, Лондон, Копенхаген и Мадрид, додека на другата страна, покрај Белград, како посебно поволни за туристите се Загреб, Љубљана, Прага и Будимпешта.
За оваа анкета, анкетираните во 20 европски градови купиле 20 дефинирани производи, кои според „ADAC“, се типични за просечната заработувачка на еден турист.  Српскиот главни град е најевтиниот град меѓу истражуваните метрополи, според споредување на тоа колку чини дневната карта во градскиот превоз или в

Пронајдете не на следниве мрежи: