Еве што говори обликот на носот за вашиот карактер

Loading...

Пронајдете го вашиот облик на нос и откријте што говори тоа за вас.Овие резултати ги потврди професорот Абрахам Тамир, од Универзитетот во Израел. Резултатите на неговото истражување се објавени во научно списание. Ова се 8-те облици на нос и нивните посебни карактеристики:
-Нубијски нос: Главна особина на овој облик е должината. Мостот е речиси рамен, а широката точка на носот е насочена надолу. Луѓето со ваквиот облик на нос се љубопитни, оптимисти, симпатични и секогаш бараат решение за секој проблем.
-Грчки нос: Името доаѓа од скулптурите на античките Грци, а се одликува со рамен облик. Сопствениците на ваквиот нос се резервирани и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Многу се практични и тешко им е да разговараат за своите чувства, па затоа се сметаат и за повлечени.
-Кукаст нос: Овој нос се споредува со птичји клун. Луѓето со ваков нос се креативни и позитивни. Го бранат она во кое што веруваат, и не се плашат да ризикуваат за да ги остварат целите.
-Грбав нос: Сличен на кукастиот нос, згрбавен е од носната коска до врвот. Луѓето со ваквиот нос се сметаат за одлучни и добро организирани во работата.

-Испрчен нос: Многу краток и изгледа нежно. Ова е најраспространетиот облик, а неговите сопственици често се спонтани во своите одлуки што често ги иритираат другите луѓе. Тие имаат силна волја и доаѓаат на работа полни со елан.
-Рамен нос: Овој облик на нос е најчест во Азија. Малку е порамен од повеќето облици. Ноздрите се широки. Луѓето со рамен нос имаат ислен карактер. Многу се страстни и темпераментни. Ако си играте со нивното трпение можат многу да се налутат.
-Вдлабнат нос: Има мал лак на носната коска. Тоа не е намерно воочливо, бидејќи целиот облик изгледа по малку кратко. Луѓето чиј нос има ваков облик најчесто се великодушни и секогаш се спремни да им помогнат на оние кои имаат проблеми. Заради својата разумна страна, овие луѓе лесно може да ги повредите.
-Накривен нос: И покрај тоа што името не ласка, овој облик на нос го означува љубовниот карактер. Мостот на носот се истакнува, а врвот е многу заоблен. Луѓето со ваков нос знаат да го сослушаат соговорникот, а тоа ги прави прекрасни пријатели или партнери.Овие резултати ги потврди професорот Абрахам Тамир, од Универзитетот во Израел. Резултатите на неговото истражување се објавени во научно списание.

loading...