Еве што јадат фудбалерите на Премиер Лигата

Сте се запрашале ли некогаш што јадат фудбалерите? Сега тие прашања конечно се одговорени. Тајните ни ги открива Џејмс Колинс, главен нутриционист во Арсенал, а воедно и главен нутриционист за Англија на минатото Светско Првенство во фудбал.Фудбалерите не јадат само тестенини и пилешко:
„Ручекот и вечерата на фудбалерот мора да содржат голема количина на протеини и јаглени хидрати. Фудбалерите генерално можат да изберат меѓу црвено или бело месо, како и вегетаријанска храна. Од месо, најчесто јадат мисиркино, говедско и риба.
Кога станува збор за јаглените хидрати, на фудбалерите брзо им стануваат здодевни тестенините и оризот, па така, им нудиме интересни јадења од житарки, што се најпопуларни кај Италијанските играчи. Во комбинација со оваа храна се нуди широк спектар на сезонски зеленчук, што го обезбедува дневниот внес на витамини и минерали на играчите.“
Појадокот мора да има интересен „пресврт“:
„Појадокот е најважниот оброк што дава гориво во текот на денот исполнет со тешки тренинзи. Најпопуларен оброк е овесот со млеко, но тој често е заменет и со јајца во комбинација со различни видови на леб по желба.“
Ужинката мора да содржи многу протеини
„Фудбалерите се навикнати на исхрана богата со јаглени хидрати, и тие никогаш не им недостасуваат, но проблем се протеините потребни за опоравување на мускулите, а особено во последниве години, кога тренирањето е се понапорно. За ужинка, фудбеларите јадат протеински палачинки, или протеински мус целосно направени од концентрати од протеинска храна.“
Играчите мораат да бидат подготвени за пробување на нова храна
„Играчите мора да го тренираат и својот желудник за да ја одберат храната што најмногу им одговара. Вообичаено, храната што ја јадат за време на тренингот и за која што се покажало дека им одговара, ја јадат истата и за време на натпреварот. Храната што ја јадат во полувремето од натпреварот е од клучно значење за енергијата што ќе ја имаат за време на натпреварот.“

Секој играч мора да внесува многу течности за да спречи дехидрирање
„Играчите многу се потат за време на натпреварите, и со губењето на течностите тие мораат да внесуваат еднаква количина на течности колку онаа што ја изгубиле. Ова е уште поважно за време на Светското Првенство или за време на натпреварите во Лигата на Шампионите. На играчите им се прават овошни сокови и смути што содржат многу антиоксиданти и протеини неопходни за брзото заздравување на мускулите.“
Суши – храната за најбрзо опоравување
Втората фаза во процесот на заздравување на мускулите е јадењето по натпреварот. За време на минатото Светско Првенство, во соблекувалната имаше подвижен готвач, спремен да подготви најразлични јадења. Сепак, најпопуларното јадење што сите играчи го бараа убедливо беше сушито, кое содржи огромна количина на хранливи состојки поребни за брзо заздравување на мускулите.
За крај, можеме да заклучиме дека исхраната на фудбалерите содржи огромна количина на месо, зеленчук и каши од овес и млеко, како и јогурт и други видови на млечни производи што најбрзо ја овозможуваат потребната енергија во тешките и напорни натпревари.
Фудбалерите не јадат само тестенини и пилешко:
„Ручекот и вечерата на фудбалерот мора да содржат голема количина на

Пронајдете не на следниве мрежи: