Пред еден век, во Сараево, Гаврило принцип изврши атентат над престолонаследникот на Австро-Унгарскиот трон, Надвојводата Франц Фердинант и неговата сопруга. Атентат кој беше повод за почеток на Првата Светска Војна.Сите тогашни светски медиуми пишуваа за атентатот на австро-унгарскиот надвојвода.
Вашингтон пост на 29-ти Јуни 1914 напиша: „Наследникот на австрискиот трон и неговата жена се убиени од атентатор: Се спасија од бомба, загинаа од пиштол“. На следниов ЛИНК можете да ја погледнете насловната страна на весникот во ПДФ формат.
Слично пишувал и Њујорк Тајмс на истиот ден, посветувајќи дури 4 колони текст на немилиот настан. На наредната страница пак следел текст со наслов „Папата е многу депримиран“ најверојатно посочувајќи на општата жалост во Европа по надвојводата Франц Фердинант.
Сите тогашни светски медиуми пишуваа за атентатот на австро-унгарскиот надвојвода.
Вашингтон пост на 29-ти Јуни 1914 напиша: „Наследн
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.