Еве што навистина ја уништува машината за перење алишта

Душан Поповиќ, денес пензионер, поранешен дизајнер на чорапи, мајстор за автомобилски мотори, а не му се страни ниту браварските, заварувачките, па и столарските занаети. Специјализација му се машините за перење, а открива поради што најмногу доаѓа до расипување на машината:

-До расипување на машините за перење доаѓа најчесто поради малата гардероба, односно долната облека и чорапите, кои се заглавуваат помеѓу гумата и бубањот, ја прекинуваат машината и поради тоа може да дојде до скапи уништувања на делови од машината, па дури и на моторот.- расажува Душан.

Тој ги советува дамите, долната облека да ја ставаат во мрежасти вреќички и да ги затворат, па така да ги перат.

Пронајдете не на следниве мрежи: