Еве што вели Цеца за тоа дека Аркан е жив!

Како што пишуваат српските медиуми овие денови, најстариот син на Жељко Ражнатовиќ Аркан, тврди дека неговиот татко е жив, дека го променил својот личен опис и дека живее на Кипар, додека Цеца Ражнатовиќ спрема него се однесува како со парче гардероба.Сепак, таа информација набрзо е демантирана од страна на Војин Ражнатовиќ.
Имено, објавена е фотографија од човек за кого се тврди дека е Аркан по пластичните операции.
Светлана Ражнатовиќ досега не се огласуваше за дезинформациите за Аркан и за „Животот после животот“ на Кипар и тоа со добра причина.
Цеца имаше што да каже за прашања на новинарите и за текстовите на порталите кои тврдат дека Аркан е жив.
– Тоа би било коментирање на глупости! Многу би сакала тоа да е вистина. Никој немаше да биде посреќен од моите деца, но да не губиме време на празни приказни, изјави Цеца за српски Блиц.

Пронајдете не на следниве мрежи: