Еве зошто пукна бракот меѓу Ана и Раста

По честите кавги и недоразбирања, пејачката го повикала својот адвокат за да се договори за бракоразводен спор, а раперот го напуштил заедничкиот стан.Поминаа речиси година дена од бракот и Ана Николиќ, сфатила дека сопругот Стефан ѓуриќ Раста не е човекот со кој сака да остари. Проблемите наводно почнале кога музичката двојка ја доби ќеркичката Тара во август годинава. Ана се почесто останувала сама дома со бебето, а Раста го продолжил самечкиот живот.
-Ана целосно се посвети на мајчинството и се подреди на тоа, а Раста продолжи по старо, постојано излегуваше, а се случувало и поради настап и журка да не дојде дома и по неколку дена. Ана му го кажа тоа дека би можел повеќе да се посвети на семејството, но Раста не го сфати тоа сериозно. Кавгите станаа се почести, а покрај тоа тој продолжи со семејниот начин на живот, па целата јавност, благодарение на неговите постови на социјалните мрежи, беше упатена во дека тој и натаму конзумира марихуана и го негува имиџот на лошо момче. На Ана поради сето тоа во еден момент и прекипе, објаснува извор близок до двојката кој вели дека Раста моментално не е во семејниот дом.
-Последната кавга била пресудна. Ана му објасни на Раста дека повеќе на може така да живее, а тој тогаш го напуштил нивниот стан за да може со ладна глава да размисли за се. Буквално низ плач му рекла дека ќе се разведе, објаснува изворот.
Ниту Ана ниту Раста не се јавуваат на телефон за изјава. Дека двојката има проблеми, на некој начин потврди и адвокатот на семејството Ѓуриќ со кој Ана, би требало да се сретне денеска за да покренат бракоразводна парница.
-Тоа се многу чувствителни работи и не би сакал ништо да зборувам. Повикајте ме утре кога мојата клиентка Ана ќе дојде кај мене и тогаш ќе можам нешто да ви кажам, рече вчера Боривоје Боровиќ.
По повод приказната за разводот, мајката на Ана, Миљана бурно реагираше.
-Не сакам воопшто да учествувам во тие глупости, рече во еден здив Миљана Николиќ и ја спушти слушалката.
 Поминаа речиси година дена од бракот и Ана Николиќ, сфатила дека сопругот Стефан ѓуриќ Раста не е човекот со кој сака да остари. Проблемите наводно

Пронајдете не на следниве мрежи: