Еве зошто треба да живеете заедно пред брак

Според последните истражувања, заедничкиот живот пред венчавката позитивно влијае на самата врска правејќи ја посилна, постабилна и поквалитетна. Паровите кои живеат заедно пред да „скокнат во тавче“ имаат поквалитетен однос и подолго остануваат во врска. Ова го покажаа најновите истражувања кои се направени во соработка со скоро 3.000 жени кои одговарале на прашањата за своите љубовни односи и заеднички живот пред брачниот живот.
Се покажало дека паровите кои живеат бар четири години заедно пред венчавката имаат повеќе шанси во бракот да бидат во просек 12 години подолго, отколку паровите кои никогаш не делеле кров пред одењето кај матичар.

Во исто време, научниците откриле дека годините на жената играат голема улога во заедничкиот живот. Постарите жени се поподготвени за животот пред брак, за разлика од помладите жени на кои им треба најмалку четири години врска пред да се впуштат во авантурата на делење на истиот простор за живеење.
Исто така, дамите кои по втор пат влегуваат во брак, а претходно живееле со партнерот, имаат дури 148 проценти поголеми шанси да останат долго во брачната заедница.
Според зборовите на научниците, стварта всушност е во поголемата релаксираност, која е присутна кај луѓето кои имаат искуство во магијата да живеат заедно. Имено, кај нив влегувањето во брак значи само еден потпис на хартија, со сите останати предизвици веќе одамна се имаат запознаено, додека кај младите и неискусни двојки со застанувањето на лудиот камен настапуваат големи промени кои знаат да бидат критични по понатамошниот однос. Паровите кои живеат заедно пред да „скокнат во тавче“ имаат поквалитетен однос и подолго остануваат во врска. Ова го покажаа најновите

Пронајдете не на следниве мрежи: