Еве зошто треба веднаш да престанете да пушите дома

Димот од цигарите се задржува во домот повеќе од 6 месеци од последната запалена цигара, покажува новото истражување.Дури и кога ќе престанете да пушите, канцерогените состојки од цигарите се задржуваат на мебелот, на ѕидовите и на тепихот и тоа долго време подоцна.
Затоа, сите во куќата, без разлика дали се пушачи или не, во својот организам имаат покачено ниво на опасни хемикалии, долго откако во домот последен пат е запалена цигара.
Според истражувачите, оваа навика е многу штетна и за блиските на пушачите.
Водачот на проектот со колегите испитале 90 пушачи и земале примероци од вратите и ѕидовите на куќата, примерок од прашината, како и примерок од урината.
Анализата покажала дека на канцерогените хемикалии се најдени на сите примероци.
Исто така само 8% од 90 испитаници успеале да ги остават цигарите, но во нивните домови нивото на хемикалии останало.
Оставањето на цигарите е нешто најважно што можете да го направите за вашето здравје, велат истражувачите. Но, доколку се решите на тој чекор, прво престанете да пушите дома.Дури и кога ќе престанете да пушите, канцерогените состојки од цигарите се задржуваат на мебелот, на ѕидовите и на тепихот и тоа долго време подоцн

Пронајдете не на следниве мрежи: