Европа е на чекор од пеколот, а ТИЕ би сакале целосно да исчезне!

„Мислам дека Французите се предадоа. Се откажаа од државата и верата. Денес, веќе 70% Французи тврдат за себе дека се атеисти. Христијанските храмови се уништуваат или се претвораат во џамии. Французите почнаа да ги уништуваат своите неоготски цркви од 19 век, тврдејќи дека се трошни и дека не им се потребни“ – тврди Артамонов.Документарецот на Пол Морејра под името „Маските на револуцијата“, ја шокираше Европа и го претстави вистинското лице на украинскиот Мајдан.
Сепак, многу Европејци и понатаму не сфаќаат дека хаосот од Украина би можел да се прошири на Европската Унија. Авторката Елена Чудинова и писателот Александар Артамонов, неодамна зборуваа за пропаста на Европа.
Артамонов изјави дека е штета што Европејците го сфатија документарецот за пропаста на Украина како нешто што може да му се случи на „второкласен“ народ.
„Тие веруваат дека цивилизираниот свет се наоѓа далеку од такви конфликти“ – пренесе руска Правда.
„Би сакал сите да го погледнат документарецот на Пол Морејра и да сфатат дека сценариото во Украина е последица од американското дејствување. Исто такво сценарио може да се случи во Франција, но Французите тоа сѐ уште не го сфаќаат. Всушност, првата обоена револуција во историјата се случи токму во Франција. Американците ја поттикнаа револуцијата во 1968 година, бидејќи генералот Де Гол бараше замена на пари за злато. Американците заменија дел од доларите за злато, а потоа го отстранија Де Гол и ја фрлија Франција во хаос.
На Америка не ѝ е потребна Европа. Французите и останатите Европејци ќе бидат отстранети од бранот муслимани кој расте сѐ повеќе во последните 30 години. Дури и пред 25 години во алжирските полициски станици висеа плакати на кои пишуваше дека `Франција ќе стане калифат`“.
Елена Чудинова рече дека наталитетот во Франција во моментов не е доволен.
„Многу француски државјани не обрнуваат внимание на тоа што се случува во Украина, Русија и во другите држави. Тие веруваат дека луѓето во тие држави се убиваат на дневна база. Меѓутоа, тогаш се случува Париз да биде нападнат, а тие не сфаќаат зошто тоа им се случило. Тие едноставно не можат да се извлечат од пропагандата со која ги бомбардираат секој ден.“
Артамонов вели дека Никола Саркози покрена воени операции во Либија, затоа што синот на Гадафи се закани дека ќе ја разоткрие вистината за тоа кој ја финансира неговата партија. Гадафи беше убиен недолго потоа.
„Тоа беше француска операција, но Американците имаа голема корист од неа. Сега, целта на Америка е да ја покори Европа. Ним не им е потребна политички силна Европа. Всушност, тие најмногу би сакале Европа и Русија едноставно да исчезнат. Мислам дека Французите се предадоа. Се откажаа од државата и верата. Денес, веќе 70% Французи тврдат за себе дека се атеисти. Христијанските храмови се уништуваат или се претвораат во џамии. Французите почнаа да ги уништуваат своите неоготски цркви од 19 век, тврдејќи дека се трошни и дека не им се потребни“ – тврди Артамонов.Документарецот на Пол Морејра под името „Маските на револуцијата“, ја шокираше Европа и го претстави вистинското лице на украинскиот Ма

Пронајдете не на следниве мрежи: