Европскиот шампион Копецки ја оствари шестата победа оваа сезона за Шкода

Loading...

Европскиот шампион од тимот на Škoda, Јан Копецки,  додаде уште една голема победа на неговиот извонреден рекорд. Триумф на 40-тото рели во Хрватска, Пореч. Заедно со  возачот Павел Дреслер, исклучително талентираниот возач ја оствари својата шеста победа оваа сезона на Европскиот рели шампионат (ERC). Со тоа Škoda Motorsport имаше две причини за да прославува во Пореч.
“Тоа беше викенд од соништата за сите нас. Ние сме европски шампиони, а одличните резултати оваа сезона ги потврдивме со победа на релито во Хрватска. Не може подобро од ова “, изјави Копецки.  Претпазлив на почеток, 31 годишниот возач го превзема водството уште на првиот ден од релито кое се возеше на лизгавиот асфалт долж јадранскиот брег, потоа едноставно одби да биде претекнат. “Ние бевме брзи и без да преземеме било какви непотребни ризици – повторно ја пронајдовме вистинската комбинација”, изјави со-возачот Павел Дреслер.
Дуото на Škoda се искачи на подиумот на сите осум трки кои се одржаа во 2013 година. Најголем успех за Копецки беше победата на домашното рели во Барум на почетокот од септември. Škoda заедно Копецки и  Дреслер исто така триумфираше на ERC релито во Австрија, Канарските Острови, Азорските Острови, на релито во Романија и сега во Хрватска.
После сите овие победи, Копецки беше на подиумите на сите трки без разлика на подлогата на која тие се одржуваа  – од снег и мраз до чакал и асфалт. Копецки и Dresler веќе си ја обезбедија титулата и покрај тоа што остануваат уште две трки до крајот на европското првенство.Заедно со  возачот Павел Дреслер, исклучително талентираниот возач ја оствари својата шеста победа оваа сезона на Европскиот рели шампионат (E

loading...
Loading...