ЕВРОВИЗИСКИ СКАНДАЛ: Украинската песна упатува провокативна порака кон Русија!

Песната „1944“ на Украина, која ја изведува Сузана Џамаладинова, позната како Џамала, ја опишува тематиката за прогонот на кримските Татари во времето на владеењето на Сталин.- Странци доаѓаат во вашите куќи, ве убиваат и велат дека не се виновни. Каде се вашите разум и срце? Човештвото плаче… – ова е дел од стиховите на песната „1944“, која предизвика бурни реакции, особено во Русија.
Поради оваа песна реагираше и Комитетот за медиумски слободи на руската Дума со барање Украина да биде дисквалификувана од Евросонг.
На ваквите реакции Џамала одговори дека прогонот на кримските Татари во 1944 година засекогаш го промени животот на нејзината прабаба, како и на илјадници останати луѓе.
На украинскиот избор за претставник на Евросонг, Џамала победи со еден поен предност пред второпласираната нумера и така си обезбеди учество во Шведска.

Пронајдете не на следниве мрежи: