Евтино лето: Еве кои се најевтините туристички места на светот

Според рангирањето на веб порталот „Tripadvision“ азиските градови се уште се највисоко рангирани со најпристапни и најниски цени, додека пак за најскапи важат европските метрополи.За да се направи правилна пресметка, земени се предвид цените на некои основни работи, на пример, цената на пијалаците во баровите, возење со такси од и до аеродром, храната во рестораните и слично.
Според овие истражувања, во Канкун, Мексико, за два Мартини би платиле 2,5 евра, додека пак за истите во Париз би платиле 15 евра.

 
Кога е храната во прашање, најевтино ќе поминете во Ханој, Виетнам, каде една вечера за двајца ќе ве чини околу 25 евра, додека пак истата во Стокхолм би ве чинела околу 130 евра.

Во листата на најевтини дестинации фигурираат и неколку Источно-европски земји. Така на пример, би поминале добар одмор без големи трошоци во Прага, во Будимпешта или пак во Несебар и Софија во соседна Бугарија.
За да се направи правилна пресметка, земени се предвид цените на некои основни работи, на пример, цената на пијалаците во баровите,

Пронајдете не на следниве мрежи: