Facebook го купува BlackBerry?

Судбината на компанијата BlackBerry е можеби во рацете на Марк Закерберг. Како што изјавуваат од „Волстрит журнал“, директорите на Фејсбук овие денови во Калифорнија беа домаќини, каде беа посетени од претставникот на Канадскиот гигант и разговарале за можните преземања.BlackBerry веќе подолго време бараат купувач кој ќе биде спремен да ја преземе компанијата, која забележа големи загуби, поради големата конкуренција.
Иако се појавила информација дека спасителот е веќе пронајден, од групата најголеми акционери Ферфекс, подоцна станало јасно дека ни тие, ниту кинеските Леново, во моментот не се подготвени на ништо друго освен за добро прелистување на сите книги и нови рунди на размислување за евентуална инвестиција.
„Волстрит Журнал“, кажува дека не било познато ни колку Фејсбук напреднал во размислувањата, но истакнува дека желбата на Марк е Фејсбук да биде на што повеќе телефони што и покажува договорот со компанијата HTC и (неуспешниот) телефон HTC First кој го има „facebook“ Android.
Канаѓаните се надеваат дека ќе знаат до крајот на месец ноември што и е пишано во иднината на нивната компанија, а постојат и шпекулации дека помеѓу заинтересираните се и Samsung, Google, па дури и Apple.BlackBerry веќе подолго време бараат купувач кој ќе биде спремен да ја преземе компанијата, која забележа големи загуб

Пронајдете не на следниве мрежи: