Факти за Белата куќа кои не сте ги знаеле

Белата куќа изминатиов викенд одбележа 221 година постоење, во нејзина чест ви ги представуваме најинтересните факти поврзани со неа.Камен темелот на Белата куќа е поставен на 13-ти октомври 1792-ра година при мирна церемонија. Од тогаш, домот на претседателите на САД преживеал напад, два пожари и обидот за изградба на ривалска куќа.
Филаделфија се обидела да изгради ривалска Бела куќа
Филаделфија не била задоволна со одлуката, Вашингтон да добие претседателска вила. Во текот на 1790-тите години, градот изградил своја претседателска палата во обид за го задржи Џорџ Вашингтон и останатите во Филаделфија, која била тогашна престолнина. Вашингтон одбил да ја користи палатата и престојувал на друга локација во Филаделфија.
Џорџ Вашингтон никогаш не живеел во Белата куќа
Иако оваа градба се наоѓа во градот кој го носи името на претседателот, Вашингтон починал 1799-та година, година дена пред Џон Адамс да стане новиот претседател кој се преселил во оваа градба.
Мал оргинален дел од зградата е сочуван
Британците ја запалиле Белата куќа во 1814-та година, веднаш штом трупите на САД го запалиле канадскиот парламент. Прочуената слика на Џорџ Вашингтон, која ја насликал Гилберт Стјуард е сочувана како и спојните камени ѕидови кои го преживеале пожарот.

Уште еден голем пожар ја зафатил Белата куќа
Пожарот на Божиќната вечер 1929-та година го зафати Западното крило и Кружната канцеларија во администрација на Херберт Хувер. Хувер ја напуштил празничната вечер се со цел лично да ги надгледува напорите на пожарникарите да го изгаснат пожарот. Иако за момент успеал да влезе во канцеларијата, Хувер со помош на агентите од специјалната служба бил изнесен од Белата куќа.
Западното крило го направил Теди Рузвелт
Западното крило е проширено под Вилијам Хауард Тафт и Френклин Рузвелт, но Теди бил тој што го изградил. Томас Џеферсон прв дошол до идеата 100 години порано, но во Вашингтон ее потребно многу време се со цел да се извршат некои работи.
Белата куќа е срушена во 1948-ма година
Претседателот Хари Труман бил принуден да ја напушти Белата куќа и да се всели во Блер, веднаш штом се предпоставило дека оваа градба била блиску до колапс.

Белата куќа преживеала и напад на претседател во 1950-та година
Додека Труман престојувал во Блер, два националисти од Порторико се обиделе да ја нападнат градбата и да го убијат претседателот додека се одмарал во резиденцијата. После борбата која траела неполни 38 секунди, еден напаѓач е убиен а смртно бил ранет и еден полициски службеник. Порториканците верувале дека градбата Блер е послабо обезбедена од Белата куќа,а нивното верување може да се потврди како точно со оглед на тоа што Труман не ни стигнал да погледне што се случува преку прозорецот, додека двајцата напаѓачи биле убиени од страна на обезбедувањето.
За 4 милиони долари можете да имате сопствена Бела куќа
Иако изгледа дека во прашање се многу пари, во прашање е прилично ефтина понуда ако се земе во оглед податокот дека вистинската Бела куќа вреди преку 110 милиони долари. Репликата на Белата куќа се наоѓа во Вирџинија и е нешто помала од оригиналот, но поседува Кружна канцеларија и реплика на Линколновата спална соба.
На Белата куќа и недостасува Камен темелник
Годишнината на Белата куќа не би била комплетна без приказната за исчезнатиот камен темелник. Во октомври 1792-ра година група слободни масони се сретнале во градската кафана во Џорџтаун од каде патот го продолжиле до локацијата каде што требало да биде изграден претседателскиот дом. Во текот на својата церемонија бил поставен камен темелникот со порака се со цел да се одбележи изградбата на оваа градба. после церемонијата се вратила во кафаната каде што одлучиле да го прослават овој настан. Прослават се претворила во пијанка со што никој не стигнал да забележи каде камен темелникот точно се наоѓа. Претседателот Труман се обидел да го пронајде при реконструкцијата на Белата куќа, но каменот никој не го видел од неговото поставување.
Извор. think.mkКамен темелот на Белата куќа е поставен на 13-ти октомври 1792-ра година при мирна церемонија. Од тогаш, домот на претседателите на САД преживеал н

Пронајдете не на следниве мрежи: