Фалкао би можел да се пресели во ПСЖ

Најдобриот стрелец на екипата на Атлетико Мадрид призна дека амбициозниот тим од Париз му го привлече вниманието и дека би размислил околу можноста за преселба во овој тим.
Радамел Фалкао, фудбалерот за кого се заинтересирани неколку фудбалски гиганти во Европа, навестува дека би можел да размисли околу преселба во ПСЖ.
Колумбиецот постигна 17 погодоци во Ла Лига за својот тим и ја доведе екипата на Диего Симеоне до второто место на табелата во Шпанската Примера Дивизија.
Од доаѓањето на инвеститорот од Катар, Париз во своите редови доведоа неколку звучни имиња а Фалкао признава дека е импресиониран од амбициозноста на тимот.
„Франција е преубава земја. Бев таму неколку пати  и воодушевен сум“
„ПСЖ има премногу амбициозен спортски проект во кои вложија огромна количина на пари за да изгради силен тим“ изјави Фалкао.
Претходните денови се шпекулираше дека колумбискиот интернационалец би можел да се пресели во Италијанската Серија „А“, како и дека му ветил на Флорентино Перез дека на лето ќе потпише договор со Реал Мадрид.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Најдобриот стрелец на екипата на Атлетико Мадрид призна дека амбициозниот тим од Париз му го привлече вниманието и дек

Пронајдете не на следниве мрежи: