Фарел во Њу Јорк, Трендо и Бетмен Велит во Скопје – и нашиот главен град дел од Social Good Summit!

„Целта на овој самит, е да ги споиме новите, иновативни технологии, со влијателните умови и да ги насочиме кон една тема: откривање на огромниот потенцијал на новите медиуми и технологии кои можат да го направат светот подобро место за живеење. Настанот во Скопје е отворен за сите кои се заинтересирани и имаат желба да придонесат кон оваа глобална дискусија”, објаснува Постојниот координатор на ООН и Постојниот претставник на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон, која воедно ќе биде и еден од говорниците на Skopje Social Good Summit.”Скопје(19.09.2014) Идната недела, Скопје за првпат ќе биде домаќин на Social Good Summit во организација на Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) и Фондот за население на Обединетите нации, во партнерство со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество, како и Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ).
„Целта на овој самит, е да ги споиме новите, иновативни технологии, со влијателните умови и да ги насочиме кон една тема: откривање на огромниот потенцијал на новите медиуми и технологии кои можат да го направат светот подобро место за живеење. Настанот во Скопје е отворен за сите кои се заинтересирани и имаат желба да придонесат кон оваа глобална дискусија”, објаснува Постојниот координатор на ООН и Постојниот претставник на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон, која воедно ќе биде и еден од говорниците на Skopje Social Good Summit.
Покрај г-ѓа Винтон, официјални говорници на Skopje Social Good Summit ќе бидат: Министерот за труд и социјална политика, г-дин Диме Спасов, Заменик Министерката за Информатичко општество, г-ѓа Марта Арсовска-Томовска, Деканот на ФИНКИ, г-дин Димитар Трајанов, како и две јавни личности со истакнат придонес кон развојот на новите медиуми, г-дин Сашо Мацановски-Трендо(Офф.нет) и Богдан Илиевски(„Бетмен Велит”).
Со организацијата на овој настан, Република Македонија ќе стане дел од мрежата на држави кои ќе организираат Social Good Summit Meetups, оваа година под насловот „#2030NOW”. Налик Скопје, повеќе од 60 градови ќе бидат домаќини на дискусии на оваа моќна тема, поврзана со амбициозната агенда за глобални промени во следните петнаесет години. Главниот самит ќе се одржи во Њу Јорк, а како гости на истиот ќе се појават Фарел, Мелинда Гејтс, Наташа Бедингфилд, Лили Кол, Пит Кешмор и многу други истакнати професионалци и јавни личности.
Skopje Social Good Summit, на тема #2030NOW ќе се одржи во Амфитеатарот на ФИНКИ во Понеделник(22.09), со почеток во 17:00 часот. Настанот е од отворен тип, се со цел сите оние кои имаат интерес и се заинтригирани од оваа актуелна и моќна тема, да можат да присуствуваат и да се приклучат кон дебатата. Скопје(19.09.2014) Идната недела, Скопје за првпат ќе биде домаќин на Social Good Summit во организација на Програ

Пронајдете не на следниве мрежи: