четврток, 12 ноември 2026
Најново

Фатени 5 лица со копија од избирачки список и тетратка со матични броеви

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Струмица вчера се фатени пет лица кои во возилото имале копија од избирачки список, како и тетратка со име и презиме и матични броеви на лица од ромска националност и броеви на избирачки места каде истите треба да го остварат своето право на глас, соопшти МВР.-На 10.12.2016 година, при вршење на контрола на патниот сообраќај на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „24 Октомври“ во Струмица, околу 14.30 часот од страна на полициски службеници било сопрено ПМВ „Фиат“ управувано од Б.Г. (52) од Струмица, а во кое како сопатници биле и лицата Е.Ф. (44), А.А. (32), А.А. (55) и К.А. (37), сите од Струмица. При првичниот преглед на возилото, во багажниот простор била пронајдена копија од избирачки список, како и тетратка со име и презиме и матични броеви на лица од ромска националност  и броеви на избирачки места каде истите треба да го остварат своето право на глас- стои во билтенот на МВР.
Поради постоење основи на сомнение дека истите се сторители на кривичните дела „злоупотреба на лични податоци“, „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „поткуп при избори и гласање“ било известено Основното јавно обвинителство во Струмица.-На 10.12.2016 година, при вршење на контрола на патниот сообраќај на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „24 Октомври“ во

Поврзани вести